Контакт

Свет

Полјански: Постои ризик Европа да биде вовлечена во конфликт со Русија пред 2030 година

Објавено пред

Постојаниот претставник во ОБСЕ, Дмитриј Полјански, изјави за Спутник дека постои ризик Европа да биде вовлечена во конфликт со Русија пред 2030 година.

Тој оцени дека проблемот не е само во систематските подготовки за војна и интензивната милитаризација на Европа, туку и во фактот дека, како што изјави, „наративот за наводно агресивна Русија и плановите што ѝ се припишуваат се користи како изговор“.

„Проблемот е што се намалува прагот за потенцијални провокации, оние што би можеле да ја вовлечат Европа во војна многу порано, без оглед на тоа дали некој го сака тоа или не“, одговори Полјански на прашањето дали сè почестите повици во Европа за подготовка за војна со Русија се само начин за зголемување на воените трошоци или одразуваат реално сценарио.

Полјански, исто така, изјави дека властите во Киев „го гледаат својот опстанок во провоцирање директен конфликт меѓу Русија и Европа“, во кој Украина би била ставена во втор план.

„Киевскиот режим нема друг начин да преживее. Само со провоцирање на голем конфликт во кој Украина ќе падне во втор план, а Русија и Европа ќе војуваат“, нагласи Пољански, одговарајќи на прашање за ризиците од ескалација.

Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски не крие дека е заинтересиран за таков развој на настаните и „ги прекорува своите сојузници и спонзори што не се подготвени да тргнат по тој пат“.

„Затоа суштината на проблемот е да не се премине границата, по што повеќе нема да биде можно да се избегне конфликтот“, заклучи Пољански.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна изјави во својот авторски напис „Украина, Европа и глобалната безбедност“ дека Европа се обидува на секој начин да добие време за да достигне целосна борбена готовност за евентуален конфликт со Русија до 2030 година, пренесува Танјуг.

Најново

Забава10 часа

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет10 часа

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава10 часа

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава11 часа

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава11 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет12 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава12 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт12 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија13 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...