Контакт

Свет

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Објавено пред

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи Марчин Кервински.

„Мажот кој се закануваше со напад е приведен. И благодарам на полицијата за брзите и одлучни мерки“, напиша премиерот Туск на социјалната мрежа Икс.

Претходно денеска, полската полиција соопшти дека добила информации за можен заговор за напад врз Туск и министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш. Заканата била исклучително загрижувачка, а премиерот бил информиран за неа рано утрово, изјави портпаролот на полската влада, Адам Шлапка.

– Ова прашање го сфаќаме исклучително сериозно – изјави портпаролот на министерот задолжен за полските разузнавачки служби, Јацек Добжински, по вонредниот состанок на безбедносните служби, полицијата и претставниците на Министерството за внатрешни работи.

Тој објасни дека информациите за заканата првично пристигнале во Службата за државна заштита, која потоа ја известила полицијата, додавајќи дека, според проценките на властите, постоела голема веројатност заканите да бидат реализирани.

Ниту Кервински ниту Добжински не открија детали за идентитетот на затворениот маж, ниту за видот на планираниот заговор, но истакнаа дека разузнавачките служби секој месец добиваат сè поголем број закани.

Овој инцидент доаѓа во момент кога Полска е во состојба на зголемена готовност по серијата напади со ладно оружје во училишта во текот на неделава — каде што во период од четири дена беа извршени три напади во кои едно лице загина, а повеќемина беа повредени, меѓу кои и деца.

Исто така, во земјата владеат стравувања од евентуален руски хибриден напад чија цел би била да ја ослабне западната поддршка за Киев во војната против целосната руска инвазија врз Украина. Минатиот месец, Туск предупреди на веројатна ескалација на хибридните напади од Русија долж источното крило на НАТО, истакнувајќи дека Русија планира напади со беспилотни летала или ракети врз европски држави кои ја поддржуваат Украина, меѓу кои и Полска. Москва ги негираше ваквите планови.

Најново

Забава2 минути

(Фото/Видео) Гламур на нејзин начин: Марго Роби покажа речиси сè во целосно проѕирен фустан

Холивуд и високата мода завладеаја со центарот на Сиднеј во четвртокот, кога многубројни славни личности се собраа во областа Барангару...

Забава11 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава18 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура24 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија27 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава51 минута

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа1 час

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет1 час

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...