Контакт

Свет

Полскиот премиер го повика „целиот Запад“ поодлучно да ѝ се спротивстави на Русија

Објавено пред

Полскиот премиер Доналд Туск го повика „целиот Запад“ да заземе поодлучен став кон Русија на претседателот Владимир Путин, која, како што рече, се бори за доминација.

„Сега е моментот целиот Запад – Европа и САД – да им покажат на Русија и на Путин решителност во продолжувањето на политиката на задржување на Русија преку уште посилни мерки“, изјави Туск на Варшавскиот безбедносен форум, говорејќи за политиката на санкции.

„Ако Украина се бори, таа се бори за опстанок, додека Русија се бори за доминација“, додаде тој. „Затоа ќе отпатувам во Брисел за да ги повикам сите наши европски партнери сериозно да размислат за заострување на санкциите против Русија“, рече тој пред самитот закажан за подоцна оваа недела.

Полска, земја-членка на НАТО и на Европската унија што граничи со Русија, е близок сојузник на Украина уште од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година, обезбедувајќи клучна воена и хуманитарна помош.

Туск испраќа порака до Западот
Полска постојано ја обвинува Русија за саботажа и хибридна војна на полска територија – обвинувања што Москва ги негираше. Во септември, Доналд Туск предупреди дека руските планови поврзани со војната во Украина вклучуваат „хибридни“ напади со дронови и ракети врз сојузниците на Киев, вклучително и врз Варшава.

Полскиот премиер, политичар од центарот и поборник за европска интеграција, упорно повторува дека Полска ќе остане цврст сојузник на Украина и ги повикува другите западни земји да покажат солидарност.

Неговата изјава во понеделникот уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави енергетско примирје меѓу двете завојувани земји, без да даде детали за договорот, што предизвика загриженост во Киев сè додека Москва не излезе со соопштение.

„Ние во Полска многу добро се сеќаваме како нацистичката пропаганда се обидуваше да ги убеди Европа и светот дека Полска е одговорна за германската агресија“, рече Туск.

Истовремено, тој предупреди дека „токму истите тврдења можат да се слушнат денес во Москва, а за жал, сè почесто и во некои од нашите главни градови“.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава6 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт7 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт7 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет7 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет8 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...