Регион
Абазовиќ: Црна Гора ќе продолжи да ѝ помага на Украина во ова тешко време

Црна Гора ќе продолжи да ѝпомага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во Киев.
Тој во Киев пристигна со неговиот албански колега Еди Рама, а како што потсетуваат од „Подгорица њуз“, Абазовиќ заминал во главниот град на Украина на покана на претседателот на таа земја, Володомир Зеленски.
„Пристигнавме во Киев со Еди Рама, за да обезбедиме искрена поддршка на своите граѓани во одбраната на правото на слобода. Црна Гора ќе продолжи да ѝ помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа“, напиша Абазовиќ на Твитер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Турција не отстапува во однос на членството на Шведска во НАТО

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, сигнализираше дека нема напредок во разговорите со Шведска за влез во НАТО, пренесува АФП.
Во телефонски разговор со шведската премиерка Магдалена Андерсон, Ердоган го повика Стокхолм да преземе конкретни активности за да се справи со загриженоста на Анкара. Ердоган истакна дека Шведска мора да преземе чекори во борбата против тероризмот и побара да се види посветеност по ова прашање.
Телефонски разговараше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со Ердоган, а потоа на „Твитер“ објави дека следната недела продолжуваат разговорите во Брисел и Мадрид.
Турција се противи на приемот на Шведска и Финска во НАТО, тврдејќи дека Стокхолм не го спречува финансирањето на курдските терористички групи. Анкара сака Шведска да преземе конкретни мерки против забранетата во Турција Курдска работничка партија, да го укине ембаргото за оружје и да вети дека нема да го воведува во иднина.
Регион
Додик: Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ и сега го слушаме Шолц дека можеме да им веруваме

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик вели дека Германија ја спречила БиХ да добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а сега германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека БиХ може да и верува на Германија, пренесува РТРС.
„Слушнавме сè во претходните денови. Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ со гласањето против, а сега го слушаме германскиот канцелар Шолц дека БиХ може да и верува на Германија. Боже, сешто!“, напиша Додик на „Твитер“.
Свашта смо се наслушали претходних дана. Њемачка је спријечила кандидатски статус БиХ гласајући против, а сада чујемо њемачког канцелара Шолца да БиХ може вјеровати Њемачкој.
Боже свашта!— Милорад Додик (@MiloradDodik) June 25, 2022
Германија, Холандија и Франција беа против кандидатурата на БиХ за членство во Европската унија на Самитот ЕУ-Балкан во Брисел.
Регион
Турција размислува за повторно воведување на смртната казна

Турција ќе ја преиспита својата одлука од 2004 година за укинување на смртната казна, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Смртната казна беше изземена од Уставот во првите години од доаѓањето на власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Меѓутоа, откако се појави сомнежи дека 4.500 хектари шума во близина на одморалиштето Мармарис на брегот на Егејското Море се уништени во намерно предизвикан шумски пожар, Ердоган рече дека е неопходна построга казна.
Властите соопштија дека е уапсен осомничен кој признал дека го подметнал пожарот.
Ердоган веднаш по посетата на местото на пожарот посочи дека казната за „палење шуми треба да биде застрашувачка, а ако треба и смртна казна“.
Боздаг истакна дека коментарите на претседателот се инструкции.
„Почнавме да работиме на тоа во нашето министерство“, рече Боздаг и истакна дека актуелниот закон за палење пожари предвидува казна од десет години затвор до доживотен затвор, доколку се докаже поврзаност со организираниот криминал.