Регион
Авионот на Могерини поради магла не слета во Сараево, одложен состанокот со босанските власти
Авионот на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во четвртокот утрото поради магла не можеше да слета на аеродромот во Сараево, со што состанокот кој италијанската дипломата требаше да го оствари со членовите на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), пренесуваат тамошните медиуми.
„Од утрото поради маглата ниеден авион не слета на аеродромот“, соопшиле од информативната служба на сараевскиот аеродром. Нема информации околу тоа кога состанокот со членовите на Претседателството ќе биде одржан.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ во средата ја започна повеќедневната посета на земјите од Западен Балкан. Како што се наведува, нејзината посета има двојно значење – најпрво за заедничката иднина на ЕУ и Западен Балкан, а потоа и за билатералните односи на Унијата со земјите од регионот.
Могерини во средата престојуваше во Подгорица, а во текот на денот ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ. Во регионот ќе престојува од 1-ви до 4-ти март, а освен Црна Гора и БиХ, ќе ги посети и Србија, Македонија и Албанија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
