Регион
Албанската влада го осуди потегот на Приштина

Владата на Албанија не ја поддржува одлуката на косовските власти во однос на мерката од 100-процентна царина на стоката што се увезува од Србија и Босна и Херцеговина, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.
Министерот за економија и финансии на Албанија, Арбен Ахметај, смета дека одлуката на Приштина е нездрава за економиите помеѓу земјите. Тој е дециден дека Косово не треба да презема вакви мерки кон ниту една држава бидејќи, како што рече, зголемувањето на увозните давачки се одразува најмногу на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, во емисија на ТВ Прва.
„Мило ми е што луѓето во Србија се задоволни што понекогаш може да се видат резултатите од одговорната политика. Но, не сум оптимист. Пред ова емисија пет советници ми рекоа да не бидам пргав, не биди песимист, но јас ги гледам работите поинаку“, рече Вучиќ.
Конфликтот го почна полицијата на таканареченото Косово, а не НАТО, рече српскиот претседател.
„Сите знаат дека Курти е виновен и тоа не е спорно, нема што да кријам, тој знае дека што и да направи Американците ќе бидат за зачувување на таканаречената независност на Косово. И кога ќе прашате што се случува со Заедницата на српските општини (ЗСО), тие велат дека треба да се направи, нема што да се направи. Тоа е потпишано. Секој ден може да ескалира. Затоа што Курти фантазира за војна и сонува да биде Зеленски. Сакаат НАТО да влезе во конфликт со Србија и не е во наш интерес да војуваме“, рече тој.
Вучиќ кажа дека разговорот со Шолц и Макрон бил многу тежок и дека бил многу остар.
„Не сум оптимист, ни претстојат тешки денови. Подготвени сме да разговараме и да деескалираме“, изјави Вучиќ.
Регион
Жена падна во провалија длабока 20 метри во Црна Гора и преживеа само со гребаници, лекарите зачудени

Руска државјанка, чиј идентитет не се соопштува, се здобила со лесни повреди кога паднала во провалија длабока дваесет метри.
Според информациите на црногорските медиуми, Русинката со својата пријателка се возела со такси од правец на Будва и во градот Обзовица го замолила возачот да застане покрај патот. Не долго потоа, таа паднала во бездната.
Припадниците на цетинската спасувачка служба веднаш излегле на местото на настанот. Ја извадиле повредената и ја предале на итната помош која ја однела во болницата во Цетиње.
Началникот на Центарот за заштита и спасување, Милош Ќечановиќ изјави за Радио Цетиње дека повредената се жалела на болки во главата и вратот и дека имала неколку гребаници.
Лекарите биле зачудени, пишува „Блиц“.
Регион
Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека ставот на Тирана, како и на сите лидери на ЕУ и на САД, е дека моменталната ситуација на северот е неприфатлива и оти Србите треба да се вратат во институциите, а Косово треба да распише нови избори.
Рама во интервју за „ТВ Клан“ подвлече дека ставот на албанската влада е јасен – оваа ситуација е опасна и непотребна.
На прашањето кој е одговорен, тој рече дека не е негово да ги најде одговорните.
„Во Молдавија беа присутни сите лидери на Европа и на некои други земји, а единствениот став на сите лидери на ЕУ е ист како оној на САД, дека оваа ситуација е неприфатлива и има две работи – Србите мора да се вратат во институциите, Косово мора веднаш да распише нови избори за да се реши ситуацијата“, објасни тој.
Рама објави дека на маргините на Самитот на Европската политичка заедница се сретнал со Албин Курти и Вјоса Османи, но дека не разговарале за ситуацијата на северот на Косово. Според него, тоа е прашање за кое треба да одлучат дали сакаат да разговараат со него или не.
На прашањето дали тоа значи дека нема комуникација меѓу Албанија и Косово на официјално ниво, Рама рече дека тоа не е така, туку дека се работи за одговорност и надлежност на премиерот на Косово, а до одреден степен претседателот.
„На нив е да одлучат дали сакаат да разговараат за тоа прашање или не. Не сум јас тој што ги води и им кажува како да ја завршат оваа работа. Ова е почит кон нив и кон институциите на Косово, според мене“, додаде тој. Тој посочи дека Косово се консултирало со Албанија кога сакало да се консултира.
„Кога не сакаат да се консултираат, целосно нивно право е да не се консултираат. Тој не побара да разговара со мене или со нас во Владата и има право да не разговара. Но, ние не сме рамнодушни“, рече тој.