Контакт

Регион

Албанската опозиција го потврди ставот за бојкот на изборите

Објавено пред

Обединетата албанска опозиција не ја признава одлуката на албанскиот изборен колегиум, кој не ја уважи уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на изборите. Со тоа опозицијата останува на ставот дека на 30 јуни нема да бидат одржани локалните избори во земјата.

„Оваа недела ќе кулминираат народните протести. Ова не се избори. Ние не ги признаваме, ова се избори на господинот Рама и ние ќе ја почитуваме уредбата на претседателот Мета за одложување на изборниот процес. На 30 јуни нема да има избори, нашиот отпор ќе биде уште поголем“, изјави Дашамир Шехи од Движењето за национален развој по состанокот на обединетата албанска дијаспора.

Според неговите зборови, одлуката на изборниот колегиум нема никаква вредност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ: Верувам дека Франција ќе остане на својот став за Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „24 сати“ на ТВ Пинк вели дека верува оти Франција ќе остане на својот став и дека бараат нова методологија за ЕУ.

„Ги поддржувам Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите, но се плашам дека нема да добијат, а и за нас ќе бидат потешки процедурите. Верувам дека во ноември ќе се видам со претседателот Макрон во Париз и тогаш ќе можам детално да разговарам со него, по што ќе се состанам и со Путин“, рече Вулиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Објавено пред

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, во Брисел.

„Хан беше кристално јасен. Го направивме тоа што го бараа од нас. Но, покрај тоа што го направивме и тоа што треба да го направиме, се наоѓаме во ситуација во која Европскиот совет мора да одлучи што неговите членови сакаат или не сакаат да направат за своето семејство, со оглед дека важен член на семејството бара друг пристап на целото семејство во овој процес“, рекол Рама.

Тој додал дека треба да продолжат со реформите, бидејќи тоа е во интерес на албанските граѓани, а не за да ги задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин.

„Мораме да обезбедиме авропска Албанија за нашите деца, со демократски институции, со институционални државни права, да ги исполните стандардите на економијата на ЕУ“ заклучува Рама.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Објавено пред

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори со Европската Унија. Според него, би се направила историска грешка ако не им се дозволи на двете земји да ги почнат преговорите.

„Ако биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат, што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вакуум не може да опстојува и ќе мора да биде пополнет од некој друг и тоа не е добро за Бугарија“, рече бугарскиот премиер.

За Борисов не се јасни тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.

„Македонија според население и територија е колку Софија и каков ризик може да биде? Таа е како мал европски град и не е во ред да си го покажуваме карактерот против нив. Не сум согласен со тоа. Но, многу од големите европски држави имаат внатрешни проблеми и најлесно е да најдеш надворешен непријател на кого ќе ја префрлиш вината“, истакна Борисов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Македонија16 минути

Хан: ЕУ не додели датум за преговори со Северна Македонија

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија,...

Европа2 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ3 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија3 часа

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет4 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет4 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа5 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет17 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион19 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија20 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет20 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион21 час

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија22 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија23 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија23 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ1 ден

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија1 ден

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Досие