Контакт

Регион

Анкара не се откажува по серијата санкции од ЕУ

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на ЕУ ја усвоија првата серија санкции против Турција поради истражувањето за гас и нафтени ресурси во водите кај Кипар по што официјална Анкара одговори дека нема да се откаже од своите активности.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ минатата ноќ соопштија дека ќе ги прекинат разговорите со Турција во врска со договорот за авиосообраќај, дека ќе побараат од Европската инвестициска банка да ги разгледа заемите што ги дава за Анкара и дека в година ќе ја намалат финансиската помош за Турција, објави агенцијата АП.

Министрите за надворешни работи исто така предупредија дека се работи на дополнителни мерки за санкционирање на Турција, која преговорите за пристапување во Унијата ги почна уште во 2005 година.

Турското Министерство за надворешни работи денеска објави дека одлуките на ЕУ за ограничување на контактите и финансирањето на Анкара поради дупчењето во потрага по гас и нафта во близина на крајбрежјето на Кипар, нема да влијаат врз решеноста на Турција да ги продолжи своите енергетски активности во регионот.

Во соопштението се вели дека фактот што ЕУ не ги споменува кипарските Турци во своите одлуки донесени во понеделникот на состанокот на министрите за надворешни работи ја покажува пристрасноста на ЕУ кога Кипар е во прашање.

Регион

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Објавено пред

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата на Украина.

Откако ќе слета во Киев, тој со останатите патници, ќе биде пренесен со посебен превоз до медицинската установа „Медобори“ во градот Конопкивка, на 423 километри од Киев, каде ќе помине 14 дена во задолжителен карантин, по што ќе може да го продолжи своето патување во Црна Гора.

Покрај Црногорецот, во авионот на посебниот лет имало и украински државјани, државјани на Панама, Израел, Ел Салвадор, Аргентина, Казахстан и Шпанија.

Прикажи повеќе...

Регион

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Објавено пред

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа.

„Се појавија инсинуации во врска со моето членство во масонската ложа, си заминувам со мирна и чиста совест. Членството во законско здружение во никој случај не влијаело врз извршувањето на мојата должност. Денес доставив до Владата на Република Хрватска барање за разрешување“, изјави Јелениќ, пренесува Индекс.хр.

Тој кажа дека од првиот ден до денес ја извршувал должноста главен државен обвинител на Република Хрватска со гордост, посветеност, професионално и чесно, во согласност со Уставот и законите на Република Хрватска, зачувувајќи ја независноста на Државното обвинителство.

Премиерот Андреј Пленковиќ претходно денеска рече дека ако Јелениќ не даде оставка, владата ќе го иницира неговото разрешување утре наутро.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Војната не е алтернатива, не можеме да преживееме нов конфликт

Објавено пред

Говорејќи за разговорите со Приштина, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека на Србија не ѝ се потребни конфликти, туку повеќедецениски мир.

„Војната не е и не треба да биде алтернатива. По сите војни, не можеме да преживееме нови конфликти“, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија го почитува интегритетот на Босна и Херцеговина и Република Српска и оцени дека таквиот став не е контроверзен и не ја загрозува БиХ.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија27 минути

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со Brexit придонесе за пад на...

Свет42 минути

(Видео) Деветмина убиени во пукање во близина на Франкфурт, напаѓачот е пронајден мртов

Најмалку девет лица се убиени, а петмина се повредени во вооружен инцидент во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт.Полицијата...

Свет1 час

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово за...

Спорт10 часа

(Видео) Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет12 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион13 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион14 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ14 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија16 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ17 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија18 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија19 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија19 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија19 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет20 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија21 час

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија22 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија22 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија23 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Досие