Регион
Аптеките во Србија почнаа да продаваат тестови за коронавирус

Во аптеките во Белград од денеска почнаа да се продаваат домашни тестови за коронавирус.
Директорката на „Апотека“ од Белград, Јасминка Бјелетиќ, за порталот „Б92.нет“ изјави дека тестовите за коронавирус, кои се сигурни 98 проценти, од денес ќе може да се купуваат во белградските аптеки.
Според неа, за почеток ќе бидат снабдени 40 најголеми и најважни аптеки во градот.
Како што вели, веќе се порачани дополнителни резееерви, кои ќе бидат доставени според барањата и потребите на аптеките.
Тестовите се произведени во Кина и Јужна Кореја. Цената е 1.296 динари или 10 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Хрватска 31 починат и 857 новозаразени, од 1 февруари олабавување на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 31 смртен случај и 857 новозаразени со коронавирусот, што е за пет проценти помалку од бројот на новозаразени пред околу десетина дена.
Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи на инфекција во Хрватска денес е 3.050, од кои 1.381 пациент се во болница, а 135 пациенти се на апарати за дишење.
Шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, рече дека на Хрватска ќе ѝ биде тешко да ги добие ветените дози вакцина против коронавирус.
Чапак за ХРТ изјави дека „Фајзер“ го намалил бројот на дози за следните три испораки во Хрватска, пренесува „Индекс.хр“.
„Има слом на системот во кој верувавме. ЕУ стори сè за да има фер дистрибуција според бројот на жители, но ни се чини дека оваа фер дистрибуција нема да се случи“, рече Чапак.
Тој изјави дека од 1 февруари некои мерки сигурно ќе бидат ублажени.
„Разговорите сè уште се во тек, ние ќе ја подготвиме таа одлука на време. Сигурно ќе има некои отстапки”, рече Чапак.
Тој изјави дека на децата од 5. до 8. одделение ќе им биде дозволено да одат на училиште и дека интензивно се зборува да им се дозволи спорт и рекреација на отворено.
Регион
Србија досега вакцинирала 320.000 лица

Потпишавме договори за 6,5 милиони вакцини, но едноставно нема вакцина, изјави покраинскиот секретар за здравство и член на кризниот штаб Зоран Гојковиќ и рече дека досега 320.000 луѓе биле вакцинирани. Со тоа, според него, Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани на милион жители.
Гојковиќ оценил дека фактот што Србија е веднаш зад Велика Британија според бројот на вакцинирани, всушност е индикатор за тоа колку добро се работело на заштита на населението.
„Фармацевтските компании очигледно загризаа голем залак кога помислија дека ќе можат да произведат толку многу вакцини и тоа се проблеми со кои ќе се соочуваме“, рече тој на прашањето за достапноста на вакцините, коментирајќи ја глобалната трка во имунизацијата против Ковид-19. Според него, „сега ниту парите, ниту моќта повеќе немаат улога“, но можат да се потпрат само на снаодливоста и пријателството.
Регион
Хрватска: Маж фрлил бомба кон работниците од електродистрибуција кога дошле да му ја исклучат струјата

Маж, чиј идентитет не е познат, утрово активирал експлозивна направа и ја фрлил кон двајца мажи во Пакрач, Хрватска.
Тие се повредени и се лекуваат во болницата во Пакрач.
Засега не е позната сериозноста на нивните повреди.
Инцидентот се случил утрото околу 9:20 часот во Пакрач, објави хрватскиот портал „Индекс“.
Според извештаите, ранети биле работници на ХЕП, на возраст од 52 и 55 години, кои дошле да му ја исклучат струјата на осомничениот (71), а тој фрлил бомба кон нив.
Oсомничениот се забарикадирал во куќата, но полицијата успеала да го уапси.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот