Контакт

Регион

Белгија го испорача во БиХ исламистот поврзан со масакрот во Париз

Објавено пред

Белгија ѝ го испорача Адис Абаз, исламистот што се поврзува со терористичките напади во Париз во 2015 година, на Босна и Херцеговина, пренесува српски „Курир“.

Екстрадицијата на Абаз за сараевски „Дневни аваз“ ја потврди неговиот адвокат Сенад Крехо, кој посочи дека неговиот клиент во неделата бил испорачан по барање на правосудството на БиХ, кое го товари за нелегална трговија со наркотици.

Зеничанецот Абаз беше ставен во притвор во Белгија минатата година по апсењето во Германија. Белгиските власти го сомничеа за вмешаност во продажбата на оружјето со кое исламските терористи во ноември 2015 година го нападнаа парискиот клуб „Батаклан“ извршувајќи масакр, во кој загинаа повеќе од 130 лица, а 400 беа повредени.

„Абаз во Белгија е ослободен од сите обвиненија за поддршка на терористите и со продажбата на оружјето“, рече Крехо.

Медиумите наведуваат дека Абаз е поврзан со меѓународниот шверцер на оружје Николас Грбеш, кој има хрватско и белгиско државјанство. Грбеш беше уапсен во Сараево во ноември 2018 година, а потоа екстрадиран во Белгија.

Регион

Избрана новата српска влада

Објавено пред

Изгласана е новата Влада на Република Србија. „За“ гласаа 227 пратеници во Собранието на Србија, додека петмина беа „против“. Немаше воздржани, јавува „Б92“.

Утрово, мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ги претстави членовите на кабинетот, а како што најави претседателот на републичкиот парламент, Ивица Дачиќ, гласањето се одржа околу 20 часот.

Предлогот за состав на новата влада пристигна во Собранието на Србија во вторникот, а потоа имаше повеќе сомнежи во јавноста, како на пример прашањето кој ќе биде новиот министер за образование и кој ќе биде министер за здравство.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 301 новозаболен од коронавирус, седум лица починале

Објавено пред

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 301 новозаболен од коронавирус и седум смртни случаи.

Тестирани се 793 лица. Епидемиологот од Институтот за јавно здравје др. Милко Јоксимовиќ претходно денес изјави дека поради недостаток на материјал, 2.500 примероци чекаат на тестирање.

Најмногу заразени има во Подгорица – 162.

Од почетокот на јуни, 273 лица починале од последиците на коронавирусот, а од почетокот на годината 282 пациенти.

Во последните 24 часа оздравеле 234 пациенти.

Во моментов, активни се 3.625 случаи на коронавирус, а од март се регистрирани вкупно 17.392 заболени лица, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов црн рекорд во Грција, регистрирани уште 1.547 заразени со коронавирус

Објавено пред

Во Грција се потврдени рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти со Kовид-19 починаа, со што вкупниот број на смртни случаи е 603, соопшти денеска Националната служба за јавно здравје.

На респиратори има 108 пациенти, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Од почетокот на пандемијата во Грција, 34.299 лица биле заразени со коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаи, пишува Би-Би-Си....

Македонија29 минути

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија45 минути

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа10 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија11 час

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија11 час

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија13 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет14 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија18 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија18 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија19 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија19 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија20 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија20 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија21 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет21 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија22 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет23 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија24 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет1 ден

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Досие