Регион
Белград доби ѕвездена патека по углед на Холивуд

Во чест на актерските легенди на југословенската и српската кинематографија, белградскиот плоштад Славија, по углед на Холивуд, има своја ѕвездена патека.
Петнаесет познати имиња, меѓу кои и Бата Живоиновиќ, Данило (Бата) Стојковиќ, Ружица Сокиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Соња Савиќ, Бора Тодоровиќ, Мира Ступица, блескаат на едно од главните платоа на главниот град.
На вториот дел од платото се наоѓа Плоштадот на љубовта, посветен на актерската и љубовна двојка Милена Дравиќ и Драган Николиќ. Опкружени со метални срца, прегрнати, речиси во природна големина, ги чекаат заљубените сограѓани и гостите на Белград да закачат клуч или катанец на виолетовата конструкција, како симбол на вечна љубов.
На плоштадот е поставен автобус брендиран со лица од југословенската и српската кинематографија, како и ѕид со реплики, на кој посетителите ќе ги напишат своите коментари и речениците по кои паметат своите омилени херои.
Плоштадот на актерските легенди, најверојатно, ќе стане нова туристичка атракција во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пахор: Интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на словенечкото претседателство со ЕУ

Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, рече словенечкиот претседател, Борут Пахор, за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана, Оливер Инјац, додавајќи дека Црна Гора може да смета на политичката и на експертската помош на Словенија, известуваат медиумите во регионот.
Како што е наведено, Пахор оценил дека традиционално добрососедските односи меѓу двете земји се засноваат на интензивен политички дијалог, заеднички вредности и значајна соработка во многубројни области.
„Тој исто така го посочи очекувањето преговорите на Црна Гора со ЕУ да продолжат со побрзо темпо и Црна Гора да стане првата следна членка на Унијата. Во тој контекст тој истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на нивното претседателствување додавајќи дека можеме да сметаме на политичката и на експертската помош на Словенија“, се вели во соопштението од црногорските власти.
Истовремено, биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе почне во јуни 2021 година.
Регион
Мицотакис: Се предвидува Грција да се отвори за туристи на 15 мај

Грција треба да биде отворена за туристи од 15 мај, потврди денеска премиерот Кирјакос Мицотакис велејќи дека пандемијата на коронавирусот покажува знаци на стабилизација за што придонело и воведувањето на вакцините.
„Вакцините, самотестирањето и подобреното време нè уверуваат дека оваа авантура без преседан е при крај“, рече Мицотакис во специјалното телевизиско обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Сепак, премиерот додаде дека стапката на новозаразени случаи со коронавирус сè уште е висока и дека луѓето не треба да патуваат за време на велигденскиот викенд, кој почнува на 30 април.
„Реков дека нашата цел е безбеден Велигден и бесплатно лето“, повтори Мицотакис.
Тој додаде дека рестораните би требало да се отворат од 3 мај, а училиштата од 10 мај.
Владата овој месец почна со масовна поделба на бесплатни комплети за тестирање дома за да ги отвори средните училишта и некои услуги бидејќи сака да ја контролира ситуацијата со Ковид-19 доволно пред почетокот на туристичката сезона, односно од 15 мај.
Здравствените власти пријавија 3.015 нови случаи на Ковид-19 и 86 смртни случаи денеска.
Регион
Пукање во Албанија – едно лице убиено, две ранети, медиумите го поврзуваат со предизборието

Едно лице загина, а две се повредени во пукање во Елбасан, што албанските медиуми го поврзаа со обид за купување гласови.
Пукањето се случува само неколку дена пред парламентарните избори во земјата, анализираат медиумите.
Локалниот социјалист Пјер Јувани бил застрелан, а ранет бил неговиот зет и полицаец, кои случајно се нашле на местото на конфронтацијата, пренесуваат албанските медиуми.
Полицијата го идентификувала напаѓачот, кој веднаш потоа се предал.
Арбер Пиплеска, кој е поранешен припадник на специјалните единици на албанската полиција и наводно локален функционер на Демократската партија, рекол дека пукал во самоодбрана.
Наводниот мотив за пукотниците е купување гласови пред парламентарните избори, кои се одржуваат в недела, пишуваат албанските медиуми.
Според написите, непосредно пред пукањето претставниците на демократите се пожалиле дека во Елбасан кружат возила без регистарски ознаки, од кои тие им нуделе пари на граѓаните во замена за гласови на изборите.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?