Регион
Бескрајна колона луѓе на последното збогување на Денис Тот: Пристигнале бројни познати спортисти

Трагично загинатиот ракометар Денис Тот денеска е погребан во родното Ѓаково. Семејството, пријателите и бескрајна колона луѓе се простија од 28-годишниот ракометар кој минатиот петок почина откако беше претепан, пишуваат медиумите во регионот.
Според извештаите на последното збогување на Тот се собрале голем број познати личности од светот на спортот. Од Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Иво Смоја до Мирослав Бојко и многу други.
Првата вест од Северна Македонија беше дека Тот бил жртва на насилници, подоцна некој објави информација дека се работи за срцев удар, но набрзо на Твитер се појави видео на кое се гледа движењето на хрватскиот ракометар, е објавено во написите на медиумите во соседството.
Според нив, Обвинителството сè уште истражува што довело до насилна смрт во Северна Македонија. Надзорните камери, како што известуваат, доведоа до напаѓачот, двајца се во истражен затвор, а за третиот е распишана потерница.
Сè уште не е познат мотивот за нападот, тој не им пружил отпор, како што може да се види на снимката од камерата, анализираат медиумите.
„Тој починал во болница во Скопје, каде што тврделе дека нема видливи траги на насилство. Од утрово КБЦ врши вонреден увид, проверувајќи ги околностите на лекувањето“, пишува хрватски Дневник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Европскиот парламент го одобри извештајот за процесот на пристапување на Албанија во ЕУ

Извештајот за процесот на пристапување на Албанија во ЕУ беше одобрен со големо мнозинство во Европскиот парламент, изјави Изабел Сантос, известувач на Албанија за Албанија.
Од 599 пратеници, 519 гласаа за ваква одлука, а Сантос рече дека е време да влезе во преговорите на Албанија со Европската Унија, објави порталот „Албанијан дејли њуз“.
„Мојот извештај за процесот на пристапување на Албанија во ЕУ штотуку беше усвоен на пленарната седница на Европскиот парламент со големо мнозинство. Европа не може да ги разочара албанскиот народ и земјата што се обиде да ги преземе сите неопходни чекори за да се приклучи. Време е да се премине на формални преговори“, напиша Сантос.
Таа на пленарната седница на Европскиот парламент ги презентира наодите за напредокот на земјата во евроинтегративните процеси и повика на итно одржување на Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ во рамките на француското претседателство со Европскиот совет.
Претставникот на Европската комисија, Дидие Рејндерс, ја истакна решеноста на Албанија да ги исполни условите за одржување на Првата меѓувладина конференција и побара таа да се одржи што е можно побргу, пренесе „Блиц“.
Регион
Абазовиќ: Западен Балкан може да стане нова Украина доколку остане надвор од ЕУ

Пред европарламентарците се обрати премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
„Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупка во Европа. Ако останеме надвор од Европа, треба да знаете дека не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина“, рече Абазовиќ.
Абазовиќ рече дека Европа е во нова фаза поради руската агресија врз Украина и дека одлуките треба да се носат побргу и попаметно.
„Мислам дека ова се историски моменти не само за Црна Гора туку и за цела Европа. По 24 февруари, почетокот на руската инвазија на Украина, светот е поинаков и повеќе од кога било луѓето во Црна Гора, регионот и Европа разбираат дека треба да бидеме заедно и да дадеме сѐ од себе за да го завршиме нашиот дел од работата, а од друга страна, европските институции го признаваат тоа“, рече Абазовиќ.
Тој додаде дека црногорската влада е 100 % проевропска, а Црна Гора 100 % ја следи политиката на ЕУ.
„Сѐ што се носи како одлука во ЕУ, Црна Гора следи, така ќе биде и во иднина. Сакаме да ги споделиме вредностите на Западот, тоа е одлуката на црногорскиот народ“, истакна Абазовиќ, пренесуваат медиумите.
Регион
Oдбиeно барањето за предвремено ослободување поранешен генерал на југословенската армија

Претседателката на Преостанатиот механизам за меѓународните кривични судови во Хаг, Кармел Аџиус, го одби барањето на поранешниот генерал на поранешната југословенска армија, Небојша Павковиќ, за предвремено ослободување од издржување затворска казна во Финска.
Во одлуката се наведува дека на Павковиќ му било одбиено привремено ослободување поради тежината на неговите злосторства и неговиот очигледен недостиг на рехабилитација“.
Во 2014 година генералот Небојша Павковиќ беше осуден на 22 години затвор за злосторства против Албанците во Косово во 1999 година, пренесе „Танјуг“.