Регион
БиХ: Обдукцијата потврди дека мајката и синот биле задавени, потрагата по убиецот продолжува

Прелиминарните резултати од обдукцијата на телата на мајката и синот кои, како што се сомнева полицијата во БиХ, ги убил сопругот, односно таткото на детео, потврдиле дека и двајцата биле усмртени со давење, додека полицијата продолжува да трага по сторителот на делото, кој се уште е во бегство.
Безживотните тела на жената идентификувана како Инела Селимовиќ (37) и нејзиниот 13-годишен син ги пронашла полицијата во средата вечерта кога по дојава упаднале во станот во Калесија каде живееле со сопругот и таткото Емир (38). Полицијата постапила по судска наредба откако од членовите на семејството и пријателите добила информација дека Инела и нејзиниот син не одговараат на нивните телефонски повици.
Обдукцијата утврдила дека двајцата биле убиени во средата наутро. „Смртта на Инела Селимовиќ и нејзиниот тринаесетгодишен син е последица на давење. Жената имала и две повреди на главата“, изјави за новинарите Адмир Арнаутовиќ, портпарол на жупаниското обвинителство во Тузла, кое ја презеде истрагата.
Потрагата по Емир Селимовиќ, единствениот осомничен за двојното убиство, трае од вчера, а се претпоставува дека мотивот бил бракоразводната парница.
Автомобилот со кој тргнал од станот, полицијата го пронашла во поширокото подрачје на Бања Лука, но мажот се уште не е лоциран. Потрагата во моментов е фокусирана на езерото Дренова кај Прњавор, бидејќи истражителите шпекулираат дека Селимовиќ можеби се самоубил, а нуркачките тимови се обидуваат да го пронајдат неговото тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мајка и очув во Србија малтретирале 7-годишно девојче, гаселе цигари од неа

Маж и жена се уапсени во белградското предградие Палилула под сомнение дека извршиле насилство врз седумгодишно девојче.
„Нова.рс“ јавува дека надлежното обвинителство наредило С. Д. (24) и К. А. (36) да се задржат во притвор поради сомнение дека заедно извршиле семејно насилство. Набргу ќе бидат слушнати, а српските медиуми утринава објавија дека тие се мајка и очув на малтретираното девојче.
Насилството го пријавила мајката, а кога полицијата пристигнала во нивната куќа, го затекнала девојчето во многу лоша психичка и физичка состојба. Таа имала повреди на целото тело, од кои некои наводно биле предизвикани од гасење цигари на кожата.
Родителите се уапсени на самото место, а детето е пренесено на Ургентниот центар во Белград, каде што му биле констатирани тешки физички повреди, по што е пренесено во Заводот за мајка и дете. Истрагата е во тек.
Регион
Ученичка во хрватско училиште се заканувала со масакр, направила список: „Ќе добиеш куршум во челото“

Во Славонија се појави видео на кое се гледа како ученичка од осмо одделение се заканува дека ќе ги убие своите соученици и составува список на ученици, кои биле цел, дознава „24 седам“.
Здравствениот инспекторат на Министерството сѐ уште го разгледува досието на напаѓачот во загрепското училиште.
Ученичката се фотографирала со пиштол, се заканувала на социјалните мрежи, децата ги нарекувала „Непалци“ и се заканувала со крвопролевање. Наводно било иритирана што тој ден некои луѓе ја задевале во автобусот на пат кон училиште.
Училиштето ги известило надлежните, а полицијата обезбедила патрола. Ученичката е привремено суспендирана од настава на седум дена.
Неофицијално, девојчето потекнува од семејство под надзор на Центарот за социјална работа. Училиштето и полицијата сѐ уште немаат официјално соопштение, а во тек е итен состанок на надлежните одделенија.
Регион
Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.
Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот.
Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје… Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.
Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.