Контакт

Регион

Би-би-си за смртта на Мирјана Марковиќ: Таа беше Леди Магбет на Балканот

Објавено пред

Веста за смртта на сопругата на Слободан Милошевиќ, Мирјана Мира Марковиќ, ја пренесоа и странските медиуми. Информацијата дека Марковиќ почина во Москва за британски Би-би-си ја потврди Милутин Мркоњиќ, како што велат, долгогодишен близок пријател на семејството Милошевиќ.

Позната како „Леди Магбет на Балканот”, Марковиќ беше значајна политичка фигура за време на распадот на Југославија во 1990-тите. Таа беше еден од најсигурните и највлијателни советници на нејзиниот сопруг пред да биде уапсен во 2001 година.

Милошевиќ почина во 2006 година, додека служеше во Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. Тој е обвинет за геноцид и други воени злосторства поради клучната улога во војните во 1990-тите, потсетува Би-би-си.

Мира и Слоба се запознале како тинејџери во средно училиште во 1958 година и веднаш се зближиле. Тие беа во брак четири децении и беа речиси неразделни до екстрадицијата на Милошевиќ.

Во 2003 година,Марковиќ избега од Србија, каде што е обвинета за злоупотреба на функцијата и е осомничена за шверц на цигари и политичко убиство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Албанската опозиција блокираше неколку национални патишта

Објавено пред

Албанската опозиција одржа вчера протести за време на кои во период од еден час блокира неколку национални патишта, барајќи оставка од владата која ја обвинува за корупција и врски со организираниот криминал.

Симпатизерите на Демократската партија блокираа пет крстосници и побараа формирање на преодна влада и предвремени парламентарни избори, јави „АП“.

Агенцијата потсети дека албанската влада ги негира обвинувањата на опозицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Сараево пристигна вториот човек на Американската агенција за разузнавање

Објавено пред

Заменик-директорот на ЦИА, Вон Бишоп, пристигна во официјална посета на Сараево, е потврдено за „Аваз“ од Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.

Според „Аваз“, Бишоп утринава пристигна во Сараево и во следните два дена ќе се состане со шефовите на полициските агенции во БиХ, како и со шефовите на другите државни институции.

Од утринските часови на улиците на Сараево има голем број полицајци, кои во неколку наврати го запираа сообраќаат за да обезбедат безбеден премин на колоната возила во која се наоѓаше Бишоп.

Прикажи повеќе...

Регион

Мигрант се обиде да се прошверцува во авион на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Граничната полиција на аеродромот во Сараево, денес, при редовна контрола, откри сириски државјанин, кој без дозвола за движење и задржување во рестриктивната зона на аеродромот се обидел да се качи на авион за Виена поради што е ставен под надзор.

Според граничната полиција, авионот што летал за Виена бил евакуиран и била извршена контрадиверзантска проверка на авионот по што било утврдено дека нема пречки за полетување на авионот, објави „Фена“.

Пилотот им потврди на патниците дека одредени лица ги заобиколиле безбедносните бариери и дека поради тоа, летот доцни.

Авионот полета по два часа задоцнување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“. Ким ја...

Свет40 минути

Антитерористичка операција во Мелбурн, уапсен маж пред црква

Еден маж е уапсен во близина на англиканската црква Света Марија во северниот дел на Мелбурн, при операција на австралиската...

Македонија2 часа

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Избори 201914 часа

(Видео) Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци...

Топ14 часа

Извршен увид во скопско Рашче, каде што беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко...

Избори 201914 часа

Сиљановска во Карпош: Силата на аргументите мора да победи, вистината е на наша страна

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска на трибина во Општина Карпош им се заблагодари на граѓаните што ја подржаа во...

Македонија20 часа

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба...

Избори 201921 час

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

Од 14 приговори, Државната изборна комисија (ДИК) прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваа на...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара...

Македонија22 часа

Кирацовски најави повлекување на роднините од државните институции

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова...

Избори 201923 часа

(Видео) 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите...

Македонија23 часа

Кабинетот на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Прекршочните пријави на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против претседателот Ѓорге Иванов се политичка одлука, реагира Кабинетот на претседателот....

Избори 20191 ден

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од...

Македонија1 ден

Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија Киро Здравев за нов претседател на телото...

Избори 20191 ден

Кекеновски: Мицкоски повикува на одѕив како Груевски во 2004 година кога одработи за Црвенковски

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер...

Македонија1 ден

Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава...

Свет1 ден

Путин: Разговорот со Ким беше темелен; Ким: Плоден и конструктивен

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен....

Вести1 ден

Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат...

Македонија2 дена

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија2 дена

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Досие