Регион
„Блиц“: Вучиќ добил покана од Путин да ја посети Москва на 8 и 9 мај

Српскиот претседател Александар Вучиќ добил покана од рускиот претседател Владимир Путин за посета на Москва, која би требало да биде реализирана на 8 и 9 мај, објави српски „Блиц“.
Според информациите на белградскиот весник, овие два датума се во опција со оглед дека претходно, 7 мај, е закажана посетата на Вучиќ на Турција.
Српските медиуми изминатите денови шпекулираа за прашањето дали Вучиќ ќе добие покана за инаугурацијата на Путин, која е планирана за 7 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанци од Косово уапсени за убиството на црногорскиот полицаец

Тројца Албанци се уапсени за убиството на службеникот на граничната полиција на Црна Гора, Милутин Лековиќ, кој почина во неделата како последица од ранувањето во Игало откако лекарите со часови се обидувале да му го спасат животот, пренесува „Спутник“.
На Лековиќ со пиштол во глава му пукале од задното седиште на службениот автомобил осомничените што тој претходно ги привел, пишуваат црногорски „Вијести“.
„Денес околу 14.45 часот по притворањето три лица кои не поседувале лични документи, едно од нив од својот пиштол му пукало во главата на службеникот М. Л. Напаѓачите, двајца мажи и една жена, по нападот избегале во непознат правец“, соопшти полицијата.
Напаѓачите попладнето биле уапсени во обид пешки да ја премина границата со Хрватска. Кога полицијата ги опколила, осомничениот за убиството на Лековиќ повторно пукал и бил ранет во размената на оган.
Осомничениот е државјанин на Албанија, Луан Хасани (43), баран во Албанија за убиство со умисла и обид за убиство и поседување огнено оружје и муниција. Нему му е одредена мерка затор. Со него во моментот на убиството биле и Љуљзим Хасани (49), баран во Албанија за убиство со умисла и поседување огнено оружје и муниција, како и Нура Хасани (67) барана во Албанија од 2018 година поради закани.
Лицата најверојатно се од Коплик, Албанија, иако тие тврдат дека се од Косово.
Регион
(Видео) Страшна сообраќајка во БиХ, пешак за неколку чекори избегна смрт

Во градот Добој во БиХ викендов се случила страотна сообраќајка во која пешак со многу среќа успеа да се спаси од фатални повреди.
На снимките кои ги објави порталот „MojДобој.инфо“, се гледа пешакот кој оди по тротоар додека од далеку се приближува едно возило.
Во рок од неколку секунди по тој автомобил се појавува уште еден, обидувајќи се да го претекне. Во истиот момент, првото возило се обидува да сврти лево и тогаш се случува страшна сообраќајка, која пешакот го заобиколува за само неколку чекори.
Хрватски „Индекс“, повикувајќи се на информации од локалните портали, пренесува дека во едно од оштетените возила било и дете, но дека во инцидентот нема сериозно повредени.
Регион
Хрватска воведува национална пензија од 100 евра месечно за лица над 65 години без приходи

Во Хрватска лица над 65-годишна возраст, кои немаат никаков приход, а можеби ни имот, треба да добиваат 800 куни (околу 107 евра) национална пензија месечно од 2021 година. Хрватското Министерство за труд и пензискиот систем забрзано работат на донесување нов закон за националните пензии за што во текот на оваа недела треба да се изјасни работна група составена од експерти, социјални партнери и здруженија на пензионери.
За време на последната парламентарна изборна кампања ХДЗ вети воведување национална пензија, а според државниот секретар Мајда Буриќ, предлог-законот треба да биде во владина процедура уште во јануари или февруари.
За да добие право на државна пензија на Хрватска, лицето на возраст од 65 години мора да живее во земјата од 45-годишна возраст. Националната пензија би изнесувала 800 куни месечно и во зависност од критериумите, на неа може да сметаат помеѓу 8.000 и 22.000 граѓани од Хрватска што немаат друг приход.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде