Контакт

Регион

„Блиц“: Грција сепак не го отвори Дојран, а Евзони работи по старо време

Објавено пред

Иако вчера беше објавено дека граничните премини за Грција, Евзони, и уште десет други ќе почнат со работа 24 часа од денес, сепак се покажа дека тоа не е така, пишува „Блиц“.

„Live from Greece“ објави дека Евзони сè уште работи според старото работно време, односно од седум наутро до 23 навечер.

Граничниот премин Дојран, како што пишува „Блиц“, ќе биде отворен дури в сабота.

„И покрај вестите од грчките медиуми, отворањето на граничниот премин кај Дојран ќе задоцни 2 дена. Ве советуваме да се држите до старите прописи во првите два или три дена“ стои на групата „Live from Greece““.

Првично беше објавено дека од денеска ќе бидат отворени граничните премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран, Кастањес, Кипи, Орменио, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србин дивеел со „бмв“ во Будва, меѓу прегазените пешаци и двајца охриѓани

Објавено пред

Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци, пренесува весникот „Вјести“.

Повредени се Љ. П. (70) и Н. Ц. (50), двајцата од Охрид, како и четворица српски државјани А. Ц. (19), Н. Л. (18), С. Б.  (18) и Н. М. (19).

Полицијата во Будва распиша потерница за Л. Б. (20) од Белград, кој дивеел на градските улици во еден час по полноќ и со автомобил покосил шестмина пешаци.

Полициски патроли по инцидентот ги блокирале излезите од градот откако автомобилот марка „бмв“ бил пронајден на патот кон ридот Топлиќ кога белграѓанецот го оставил бегајќи од полициската потера.

Од „Вјести“ дознале младиот човек околу 1.15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на главниот градски булевар, при што повредил шест пешаци, кои случајно се нашле на тротоарот додека се враќале од центарот.

Кога ги удрил со автомобилот, 20-годишникот продолжил да вози и не застанал да види што се случило со повредените. Набргу полицијата пристигнала на самото место, а патролите ја почнале потрагата, која и натаму е во тек.

За настанот биле известени и сите гранични премини.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик гневен – се закани со отцепување на Република Српска од БиХ

Објавено пред

Одлуката на високиот претставник за БиХ, Валентин Инцко, да наметне закон со кој се казнува негирање воени злосторства, како што се очекуваше, поинаку е оценета од политичарите во оваа земја, а членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, најави дека таков закон нема да се спроведува во Република Српска и се закани со отцепување од БиХ.

Според законот за измени и дополнувања на Кривичниот законик на БиХ, кој ќе стапи во сила за осум дена, се предвидува затвор до пет години за секој што во иднина ќе негира воени злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница, односно нема да ги почитува пресудите изречени за сторителите или ги велича и наградува.

Меѓутоа, веднаш по објавувањето на изјавата на Инцко, членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, свика прес-конференција во Бања Лука за луто да рече дека одлуките на високиот претставник во врска со наметнатиот закон нема да бидат признаени или спроведени во Република Српска и дека парламентот на ентитетот ќе предложи да се забранат активностите на судот и на Обвинителството на БиХ на територијата на РС.

Додик исто така порача дека е подготвен сè да подреди на бранење на интересите на Република Српска.

„Што ако прогласиме одлука за независност, тие не може да ни направат ништо. Па што? Нема да има конфликт, ние само бараме политичка поддршка за одлуките што ќе ги донесеме“, нагласи тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора ги заострува мерките – се забранува работата на дискотеките и ноќните клубови

Објавено пред

Во согласност со претходните најави на црногорското Министерство за здравство, кое упорно повикуваше на почитување на пропишаните мерки и предупредувања, со напомена дека тие ќе бидат променети во случај на непочитување, од денес во сила ќе стапат нови рестрикции, кои се најавени како привремени, објави „Вјести“ од Подгорица.

Од петок, 23 јули, до понеделник, 2 август, привремено се забранува работата на ноќните клубови и дискотеки и на отворено и на затворено.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

„Вјести“ дознава дека од 2 август престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде можен безусловно.

Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и живата музика во летните градини на рестораните. Доколку продолжи трендот на прекршување на мерките, ќе се разгледа укинување на дозволите или дополнително ограничување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде...

Македонија1 час

Регистрирани нови 36 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на...

Спорт2 часа

Македонското знаме се развиори на олимпискиот стадион во Токио

Македонската олимписка експедиција со осум спортисти и се претстави на светската спортска јавност при претставувањето на свеченоста на отворањето на...

Македонија3 часа

(Видео) Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за...

Македонија5 часа

Димитров од Словенија: Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме

Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме. И мислам дека ние навистина се потпираме...

Македонија5 часа

Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски

Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“...

Свет6 часа

ЕУ досега донира само три проценти од ветените вакцини, повеќето се од „Астра зенека“

Членките на Европската Унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји, претежно од „Астра...

Европа7 часа

Француски професор: Враќањето во нормала можеби ќе биде дури во 2023 година

Враќањето во нормалa поради пандемијата на коронавирусот може да се очекува во 2022 година, но дури и во 2023, изјави...

Спорт7 часа

Денеска официјално започнуваат 32. Олимписки игри во Токио – Македонија со 8 претставници

Во Токио денеска во 13 часот по средноевропско време ќе бидат отворени 32. Олимписки игри кои е планирано да траат...

Топ8 часа

Запленета марихуана вредна речиси 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Полицијата заплени марихуана вредна речиси 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на...

Македонија8 часа

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за...

Македонија18 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ20 часа

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија23 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ1 ден

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ1 ден

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија1 ден

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион1 ден

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Досие