Контакт

Регион

Борисов: Трифонов е политички страшливец

Објавено пред

Слави Трифонов треба да отиде да го земе мандатот и да објасни зошто не може да ја управува државата со 165 пратеници. Ова го изјави бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов, откако првиот човек на Има таков народ изјави дека неговата партија ќе го врати мандатот за состав на влада.

„Тоа се нарекува политички страшливец. Страшливец е оној што 165 пратеници вели дека не му се доволни и сака 240“, рече Борисов.

Осврнувајќи се на предлогот на Трифонов за назначување на шампионката во шах Антоанета Стефанова за кандидат за премиер, Борисов изјави дека никој не ја оспорува титулата во шах, но тука станува збор за управување и политика.

„Целата моја почит кон Антоанета Стефанова, но ако стане премиер, таа за сè ќе оди да го прашува пратеникот Слави Трифонов. Интересно беше да се видат нивните експерти и министри. Со Стефанова ќе треба да разговарам само за шахот. Малку се експертите што може да го оспорат нејзиното знаење во оваа област, но тука станува збор за нешто друго“, рече премиерот во оставка.

Борисов додаде дека за нови избори, ќе бидат потрошени повеќе од 200 милиони лева. Наместо овие пари да одат во економијата, ќе се гласа повторно кој да освои мнозинство.

Слави Трифонов утрово на „Фејсбук“ ја објави кандидатурата на Антоанета Стефанова од Има таков народ за премиер. Таа веднаш ќе го врати мандатот затоа што, според Трифонов, неговата партија нема доволно пратеници за формирање влада. Сепак, некои од аналитичарите се убедени дека Има таков народ верува оти на нови избори ќе освои поголем број пратенички места и ќе има поголеми шанси за формирање стабилна влада.

Минатата недела мандатот го врати и кандидатот на ГЕРБ – партијата на досегашниот премиер Бојко Борисов, која освои најмногу гласови на изборите во Бугарија. Со новонастанатата ситуација сѐ повеќе извесно е дека бугарскиот претседател Румен Радев ќе мора бара трет мандатар. Доколку и овој обид е неуспешен, Радев, според уставот, ќе мора да го распушти парламентот и да распише нови избори во рок од два месеца.

Регион

Туристите заразени од коронавирус во Црна Гора ќе бидат третирани на трошок на државата

Објавено пред

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора здравствените протоколи се финализирани, а Владата донесе одлука за обезбедување болничко лекување на странските туристи што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во таа земја да се лекуваат на трошок на Црна Гора.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и дека на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или доколку се заразат од коронавирус, пренесува „Вјести“.

„Владата донесе одлука туристите што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата“, рече таа.

ПЦР-тестот, во случај да им треба на туристите за враќање во матичната земја, ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат можност да прават тестови и во приватни лаборатории, додаде министерот.

Сите хотелиери ќе треба да одвојат 10 проценти од своите сместувачки капацитети за можни случаи на Ковид-19, најавија официјалните власти.

Мерката за влез во Црна Гора без тест за граѓаните на Србија, Хрватска, БиХ, Русија, Белорусија, Украина и Албанија останува во сила.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција се подготвува за пристигнување туристи, презентиран планот за ублажување на мерките

Објавено пред

Грчката влада го претстави нацрт-планот за олеснување на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирусот очекувајќи туристите да пристигнат во средината на мај.

Кафулињата на плажите може да се отворат веќе утре, велат службени лица, а пренесува државната телевизија.

Училиштата ќе бидат отворени в понеделник, музеите може да бидат отворени на 14 мај, кината на отворено на 21 мај, а театрите на отворено на 28 мај истиот месец, објавуваат агенциите.

Ресторани на отворено во Грција се отворија минатиот понеделник по шест месеци.

Шефот на грчката цивилна заштита, Никос Чардалијас, рече дека прават претпазливи, но неопходни потези за отворање на земјата.

Тој ги повика Грците да продолжат да ги почитуваат мерките на претпазливост.

Иако бројот на заразени лица во Грција опаѓа, можни се локални избувнувања на зараза поради отворањето на земјата, предупреди главниот штаб.

Ублажувањето на мерките е придружено со дополнителни регулативи – учениците во училиштата ќе мора да покажат негативен тест в понеделник и в четврток, што ќе им го дава бесплатно државата.

Полицискиот час, кој трае од 23 до 5 часот наутро, исто така останува во сила, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Регион

Шаленберг: 2021 година не смее да биде изгубена година за Балканот и за ЕУ

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Русија и Западен Балкан на состанокот в понеделник во Брисел. По барање на Австрија и осум други членки на ЕУ, Западен Балкан ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи.

Во однос на пристапот на тој регион кон ЕУ, 2020 година е изгубена година за целиот Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг.

Тој во изјавата посочи дека 2021 година не смее да биде уште една изгубена година бидејќи штетата ќе биде поголема.

Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, некој друг ќе го пополни вакуумот, предупреди Шаленберг.

Кога станува збор за Русија, ќе се разгледаат состојбите во односите меѓу Унијата и Москва, како и натамошните активности на Брисел, рече тој.

Според најавите, ќе се дискутира и за односите меѓу САД и ЕУ, па се планира обраќање на американскиот претставник за борба против климатските промени, Џон Кери, преку видеоконференција.

Во вторник министрите за европски прашања ќе разговараат за прашањето на таканаречените дигитални сертификати за коронавирусот.

Во рамките на ЕУ постои неединство за прашањето за враќање на слободата на патување, без карантин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија15 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија16 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија17 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија17 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија18 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија18 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија20 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија23 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет23 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион23 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија23 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион23 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет24 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија2 дена

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија2 дена

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија2 дена

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа2 дена

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија2 дена

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија2 дена

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие