Регион
Брнабиќ: Во јануари ќе имаме милион дози вакцини против Ковид-19

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека во јануари, освен 4.870 вакцини на „Фајзер“ и „Бајонтек“, Србија ќе добие уште 16.000 дози од тој производител во јануари и дека заедно со другите вакцини ќе има вкупно еден милион дози во јануари, а во текот на првиот квартал вкупно речиси два милиона дози.
„Ја имаме оваа динамика на испорака на вакцините на ‘Фајзер’ и како што варира производството на вакцини така се менува и испораката не само до Србија туку и до сите земји во светот. Очекувавме 10.000 дози од „Фајзер“ и „Бајонтек“ во декември. Пристигнаа 4.870 дози, но, од друга страна, очекуваме дека дополнителни 16.000 дози ќе пристигнат во јануари“, изјави Брнабиќ пред новинарите.
Во текот на јануари очекуваме значително поголеми количини кинеска вакцина на „Синовак“, додаде Брнабиќ.
„А најбргу што може и руските вакцини ’спутник 5’. А на почетокот на вториот квартал очекуваме дополнителни количини на ’Астра зенека’. И се надевам дека во разговорите со нив ќе успееме да ја добиеме и вакцината од американскиот производител ’Модерна’”, рече таа.
Брнабиќ вели дека сигурно ќе има околу два милиона дози вакцини во текот на првиот квартал и секако еден милион дози во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 до трети земји, пред се од Западен Балкан и соседите.
Состанокот на Советот за надворешни работи ќе го води министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел. Како што е најавено, првата точка на дневниот ред ќе биде презентирање на стратегијата на ЕУ од страна на Борел за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на трети земји и други напори на ЕУ да се обезбеди еднаков и фер пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.
Потоа министрите ќе разменат мислења за неодамнешното апсење на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални по неговото враќање во Русија на 17 јануари 2021 година.
Советот, исто така, ќе разговара за трансатлантските односи, со цел иден ангажман со администрацијата на САД по инаугурацијата на Џо Бајден за 46. американски претседател.
Министрите се очекува да ги поздрават одлуките донесени од новиот американски претседател во текот на првите денови од неговиот мандат, особено кога станува збор за враќање на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.
Размената на мислења, исто така, ќе се фокусира на состојбата на мигрантите и бегалците во Босна и Херцеговина, вклучително и различни аспекти на акцијата на ЕУ за решавање на оваа „непосредна хуманитарна состојба“.
Регион
Во Словенија потврден новиот вид на коронавирус

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, на вонредна прес-конференција, објави дека во земјата е потврден првиот случај на инфекција со англискиот вид на коронавирус. Станува збор за косовски државјанин кој престојува во Словенија, а кој се вратил од Белгија.
Јанша рече дека поради можноста во Словенија да има поголем број на случаи на т.н. англиски вид коронавирус, словенечката влада ќе ги преиспита одлуките за олеснување на мерките следната недела.
Словенечкиот премиер кажа дека веќе започнало преиспитување на стотици луѓе со позитивен тест за коронавирус во сите словенечки региони, со цел да се утврди дали станува збор за англискиот вид.
„Некои наоди беа позитивни“, рече Јанша, но ги негираше извештаите во некои медиуми дека веќе биле потврдени десетина вакви случаи.
„Податоците за состојбата со епидемијата од последните три дена не влеваат оптимизам“, рече Јанша, додавајќи дека состојбата со бројот на новоинфицирани во неколку региони е влошена.
Регион
Во Србија 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале, а тестирани се 7.549 лица.
Од почетокот на пандемијата во Србија, вкупно 383.603 лица се разболеле од ковид-19, а 3.886 лица починале.
Српската влада денеска објави дека досега повеќе од 200.000 лица се вакцинирани против коронавирус, како и дека повеќе од половина милион граѓани се регистрирале за вакцинација преку системот за е-влада.
Српските медиуми јавуваат дека се формираат долги редови пред зградата на Саемот во Белград, каде што се врши вакцинација.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот