Контакт

Регион

Брнабиќ: ЕУ не прави ништо за Косово

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Европската Унија во моментот не прави ништо или прави многу малку во врска со прашањето за Косово.

„Немам ништо добро да кажам за однесувањето на Европа, за однесувањето на ЕУ и, пред сѐ, мислам дека тоа е прашање на ЕУ. Нивниот потпис е на бриселскиот договор“, рече Брнабиќ, пренесуваат регионалните медиуми.

Таа исто така посочи дека бриселскиот договор е јасно прекршен во Косово бидејќи таму не треба да има специјални единици на „Росу“, а заедницата на српски општини, како што вели, не е формирана ниту девет години по тој договор.

Брнабиќ оцени дека ЕУ не само што го толерира неспроведувањeто на договорот од Брисел веќе девет години, туку молчи и за неговото јасно кршење“.

„ЕУ на еден од состаноците во Њујорк, каде што бев, рече што можеме да направиме за деескалација. Па можеш да го почитуваш својот збор, можеш да го направиш тоа. За почеток, по речиси девет години, да кажам, кога сте гарант на бриселскиот договор, да гарантирате негова имплементација, а она што во моментот го имаме ќе исчезне за пет минути“, рече Брнабиќ.

Таа минатата недела учествуваше на Генералното собрание на ОН во Њујорк, од каде што, како што пренесуваат медиумите, посочила дека претставниците на ОН ѝ кажале дека „Косово не е држава за нив“.

Регион

Автобус со работници пропадна во дупка на патот во Солун

Објавено пред

Автобус што превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун денеска пропаднал во дупка на патот, која била предизвикана од обилните дождови. Како што пренесуваат домашните медиуми, во инцидентот нема повредени.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 лица, пренесува АП.

Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и други делови на Грција, а поради невремето многу патишта беа затворени.

Прикажи повеќе...

Регион

Остануваат истите услови за влез во Грција

Објавено пред

Условите за влез во Грција остануваат непроменети до 22 октомври.

Сегашните услови за влез во Грција се продолжени за уште седум дена, односно до 22 октомври.

За влез во Грција потребен е сертификат за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата, потврда за прележан коронавирус во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена пред патувањето, негативен брз тест, негативен ПЦР-тест заедно со пополнет електронски формулар PLF.

Ова важи за сите посетители без оглед на државјанството и начинот на влегување во земјата.

Овие услови се однесуваат за сите возрасни и деца над 12 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово

Објавено пред

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН за работата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК).

Србија на седницата ќе ја претставува министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, а Косово претседателката Вјоса Османи.

Извештајот ќе го претстави шефот на УНМИК и специјален претставник на генералниот секретар на ОН, Захир Танин, кој рече дека новиот извештај се фокусира на владините реформи, владеењето на правото, безбедносните прашања и ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Во пресрет на седницата, како дел од редовните консултации, Танин разговараше одделно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Косово, Албин Курти. Сесијата почнува во 16 часот по средноевропско време.

Претходната седница на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 13 април во онлајн-формат поради пандемијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Крај на рестрикциите – САД ги отвора границите за вакцинираните граѓани

СAД денеска објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинираните патници од 8 ноември. Одлуката означува крај на...

Топ5 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет5 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет6 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија8 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ12 часа

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија13 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија14 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија14 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет2 дена

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион2 дена

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет2 дена

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет2 дена

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион2 дена

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Досие