Регион
Брнабиќ најави уште 100.000 вакцини на „Фајзер“ до крајот на овој месец
Уште 9.360 дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ се доставени денеска до Србија, рече српската премиерка Ана Брнабиќ, најавувајќи испорака на уште три пратки со околу 100.000 дози на вакцините на фармацевтскиот конзорциум до крајот на февруари.
Брнабиќ изјави за ТВ Прва дека следниот понеделник Србија ќе добие уште 8.190 дози, на 15 февруари 40.950, а на 22 февруари дополнителни 46.800 дози вакцина од „Фајзер“ и „Бионтек“.
„Покрај тоа, очекуваме и преговараме дење и ноќе со некои други производители. До крајот на февруари ќе добиеме уште еден значаен контингент вакцини од друг производител“, рече Брнабиќ, без да прецизира за која фармацевтска компанија станува збор.
Брнабиќ рече дека околу 463.000 лица се вакцинирани во Србија од почетокот на вакцинацијата на 24 декември минатата година до попладнево, а 10.000 од нив во меѓувреме ја примиле втората доза и дека кампањата за масовна имунизација продолжува.
Србија во моментов користи три вакцини – на „Фајзер“ и „Бионтек“, руската „спутник V“ и кинеската „синофарм“, кои испорачаа околу милион дози на почетокот на јануари и во моментов имаат најголем удел во кампањата за имунизација, што ја рангира Србија меѓу водечките земји во Европа по бројот на вакцинирани на 100.000 жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.