Контакт

Регион

Брнабиќ: Ова веќе не е спор меѓу Хрватска и Србија, туку судир меѓу фашизмот и антифашизмот

Објавено пред

Ова веќе не е конфликт меѓу Белград и Загреб, Србија и Хрватска, туку конфликт меѓу фашизмот и антифашизмот, рече Ана Брнабиќ за најновиот спор меѓу Србија и Хрватска.

Доколку за еден режим е прифатливо табла на која усташкиот поздрав „За дом спремни“ да стои во близина на усташкиот логор Јасеновац или во негова близина, тогаш ниту една протестна дипломатска нота не може да го премисли од таквиот чин, изјави денеска српската премиерка.

Во изјавата пред српски новинари во Луксембург, таа го коментираше последниот спор меѓу Србија и Хрватска, истакнувајќи дека таа веќе не би испраќала ноти бидејќи тие водат кон неизбежен кругот во кој не е јасно што се случило.

„Се случи наша делегација, млади кадети, да замине да оддаде почит на жртвите во Јасеновац, едно од најголемите места за егзекуција за време на Втората светска војна во Европа. Ова не е конфликт помеѓу Белград и Загреб, Србија и Хрватска, туку конфликт помеѓу фашизмот и антифашизмот“, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека повеќе нема да разговара на оваа тема со Хрватите затоа што, како што додаде, нејзината позиција е јасна, искрена и е горда на неа.

„Мојата позиција е позицијата за борба против фашизмот, сеќавање на жртвите и борците за слободна Србија, за слободна Хрватска, за слободна Европа, за борба против фашизот и угнетувањето на луѓето“, рече Брнабиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција: 14 илегални мигранти повредени во несреќа

Објавено пред

Четиринаесет лица се повредени во несреќа кога возачот на автомобил изгубил контрола над воланот, соопшти полицијата.

Автомобилот, наjверојатно, тајно влегол во земјата и ги превезувал Сиријците преку стариот автопат во северна Грција до Солун, кога полицијата ги забележала и се обидела да ги запре околу 2 часот наутро, пренесува АП.

Возачот не запрел и во еден момент изгубил контрола над воланот.

Во возилото, сите патници биле сириски државјани – 11 мажи, една жена и двајца тинејџери, од кои осум биле згрижени и пуштени, а шестмина задржани во локалната болница, вклучувајќи го и возачот.

Прикажи повеќе...

Регион

Трагедија на Јадран, хеликоптер се урна во морето кај Шибеник

Објавено пред

Спасувачките екипи трагаат по воен хеликоптер што паднал во Јадранското Море.

Несреќата се случила недалеку од Шибеник на подрачјето меѓу Заблаќ и Зларин, а, според хрватските медиуми, станува збор за хеликоптер „кијова ОХ-58 Д“ што се урнал за време на тренажен лет.

„Ве известиме дека во 11:06 часот е примена дојава во полициската управа дека паднал хеликоптер помеѓу Заблаќ и Зларин“, соопшти хрватската полиција.

Веднаш по дојавата, на местото на настанот биле испратени два брода на Дирекцијата за поморска полиција заедно со полицајците од другите полициски оддели, а за инцидентот биле известени сите други служби.

Зларин се наоѓа југозападно од Шибеник. Засега не е познато колку лица се наоѓале во авионот, ниту, пак, што ја предизвикало несреќата.

Прикажи повеќе...

Регион

Меркел ќе го поттикне почнувањето на преговорите со Скопје и Тирана во март

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе го поттикне почнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ на самитот во Минхен во март.

„Пред сè, сакаме да постигнеме договор на следниот состанок на Европскиот совет во март за почнување на пристапните преговори со Албанија, како и со Северна Македонија“, рече Меркел на средбата со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе „Ројтерс“.

Таа додаде дека и двете држави постигнале многу.

„Сега ќе работиме уште повеќе за да ги постигнеме посакуваните резултати во март“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет17 минути

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 час

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Свет1 час

Познати сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделат, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41). Покрај него, животот го загубија и...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет3 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет3 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет3 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет4 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет4 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет4 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт13 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт14 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт15 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет16 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ21 час

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет23 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија1 ден

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура1 ден

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Досие