Контакт

Регион

Брнабиќ: Политички би било катастрофално ако Вучиќ поднесе оставка иако го разбирам како човек

Објавено пред

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека може како човек да разбере ако српскиот претседател Александар Вучиќ размислува да поднесе оставка бидејќи, како што наведе, со години се случуваат обиди за дестабилизација на земјата во која тој е изложен на омраза, но тоа би било политички погубно.

„Можев да разберам дека му е доста од тоа. Но, треба да направиме неколку големи работи што им ги ветивме на граѓаните до 2027 година. Да го завршиме ЕКСПО, да достигнеме просечна плата од 1.400 евра, да продолжиме со економските реформи, да работиме на инфраструктурните проекти“, изјави Брнабиќ за ТВ „Пинк“.

За тоа, како што истакна таа, потребен е Вучиќ, кој изјави дека не знае да се одмора и се натпреварува со себеси во работата.

Според неа, обидите за дестабилизација на земјата бидејќи, како што вели, на некои во Србија и во светот им пречи нејзината независна политика, траат откако Вучиќ стана премиер на Србија, а потоа и претседател.
Таа рече и дека опозицијата сака преодна влада „што е синоним за влада без избори“, но посочи дека „нема ништо да се добие од таа работа“.

„Разбирам дека, како и секојпат, сакаат преодна влада, тоа е нивното второ име – преодна влада, а преодна влада е всушност синоним за влада без избори. Тоа значи дека не е важно како гласале граѓаните, воопшто не ни е важно кој има мнозинство во парламентот, сакаме да бидеме министри и да бараме ресори сакаме да ги водиме“, рече Брнабиќ.

Таа оцени дека формирањето преодна влада ќе биде спротивно на секоја демократска норма.

„Тоа би било шлаканица за сите граѓани на Србија“, истакна Брнабиќ.

Таа оцени и дека оставката на српскиот претседател Алексадр Вучиќ „би била политички погубна за Србија“.

„Мислам дека до 2027 година треба да ги завршиме четирите големи работи што им ги ветивме на граѓаните“, рече Брнабиќ.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет10 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...