Контакт

Регион

Брнабиќ: Поразувачка недисциплина и отсуство на солидарност меѓу луѓето

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска објави дека владата ќе треба да донесе некои непопуларни мерки бидејќи се соочува со фактот дека не се почитуваат основните препораки, особено тоа што луѓето не мислат на другите.

Како што рече, станува збор за тоа дека граѓаните купуваат работи во количини што не им се потребни не оставајќи начин другите луѓе да дојдат до неопходните производи, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Додаде и дека пензионерите не ја почитувале молбата на властите дека треба да останат во своите домови.

„Ова го правиме за да ги зачуваме старите. Не сакаме да ги апсиме и да ги ставаме во затвор. Утре ќе видиме каква ќе биде состојбата. Уште еднаш, ве молам, никој над 65 години да не излегува надвор. Во спротивно, утре претпладне ќе им забраниме излегување на сите граѓани над 65 години, освен ако ситуацијата не се промени“, изјави таа.

Брнабиќ на денешниот прес најави дека ќе бидат затоврени сите шалтери за јавни услуги на републичко и на локално ниво.

Српската премиерка исто така изјави дека е потребна подобра организација на работата и дека се препорачува луѓето да работат во смени, доколку е потребно и во три во текот на денот, односно да работат во помали групи.

 

Регион

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Објавено пред

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопшти Министерството за одбрана.

На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежните органи.

Некои локални медиуми објавија дека пилотот загинал, но тие исто така изјавија дека се чека официјална потврда на тие информации.

Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган, објави локалниот портал ИнфоЛо.

Прикажи повеќе...

Регион

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Објавено пред

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно не само за Косово, туку и за целата меѓународна заедница.

„Го охрабруваме и поздравуваме фактот дека албанскиот фактор продолжува да го поддржува европскиот и евроатлантскиот курс низ целиот регион, истовремено зајакнувајќи ја регионалната соработка во дизајнирањето и спроведувањето на амбициозни проекти“, рече Мета, поздравувајќи го договорот од 4 септември во Вашингтон.

“Го поздравуваме договорот за економска нормализација постигнат меѓу Косово и Србија, со посредство и гарантиран од американскиот претседател Доналд Трамп. Се уште се надеваме дека овој договор ќе донесе нова динамика во односите меѓу Косово и Србија. Со посредство на Европската Унија, двете земји треба да ја искористат оваа можност да постигнат конечен и правно обврзувачки договор за меѓусебно признавање, како и целосно нормализирање на односите меѓу нив“, рече Мета за време на својот говор, објави „Косово онлајн“.

По говорот, Мета рече дека Албанија силно верува дека Косово е гарант за безбедноста и стабилноста на Балканот.

„Косово воспостави силна уставна и законска рамка која обезбедува невидена заштита на правата на малцинствата и нивното културно наследство. Ова е целосно доследно, па дури и ја надминува релевантната европска правна рамка во однос на заштитата на човековите права. Денес, Косово е член на многу меѓународни организации и регионални иницијативи. Членството на Косово во сите меѓународни организации, вклучително и во Обединетите нации, би било корисно не само за Косово, туку и за целата меѓународна заедница“, рече Мета.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Милион евра пронајдени во автомобил на уапсен директор во Хрватска

Објавено пред

Ресиси милион евра открила полицијата во автомобил што се поврзува со Драган Ковачевиќ, неодамна уапсениот шеф на компанијата „Јадрански нафтовод“ („Јанаф“).

Загрепската ТВ „Н1“, која се повикува на неофицијални информации потврдени од повеќе извори, наведува дека милион евра биле пронајдени во автомобил што се поврзува директно со Драган Ковачевиќ, а бил паркиран во Самобор.

Автомобилот бил паркиран на адреса на еден од познајниците на неодамна уапсениот директор на „Јанаф“.

„Н1“ неофицијално дознава дека се верува оти оваа сума е токму делот од митото што го примил Ковачевиќ, но ниту полицијата ниту Канцеларијата за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) не сакала да ја потврдат оваа информација.

Според неофицијални информации од претходно, Ковачевиќ ден порано дознал дека ќе биде уапсен, па се обидел да ги прикрие доказите.

„Јутарњи лист“ пренесува дека Ковачевиќ го замолил својот познајник Деан Шпаравац, еден од директорите на компанијата „Алфа стан“, да му дозволи да го паркира својот автомобил во гаражата на неговата вила во Самобор.

Во тој автомобил наводно и била пронајдена големата сума пари во разни валути, во вкупен износ од речиси еден милион евра, како и документацијата што Ковачевиќ сакал да ја скрие.

Шефот на „Јадрански нафтовод“, Драган Ковачевиќ, неодамна беше уапсен заедно со уште десет лица под сомнение дека бил дел од корупциски скандал што ја тресеше Хрватска последниве денови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија33 минути

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион45 минути

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Македонија55 минути

(Видео) Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Свет2 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет2 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет2 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија2 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион2 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет16 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ17 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа18 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија19 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија20 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет21 час

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија22 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија22 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија23 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет23 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион1 ден

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Досие