Контакт

Европа

Брод со мигранти потона кај грчки остров, неколкумина се водат како исчезнати

Објавено пред

Дваесет мигранти се спасени, а неколкумина се сметаат за исчезнати при потонување брод во водите кај грчкиот остров Хиос, недалеку од Турција, соопшти грчката крајбрежна стража.

Спасените мигранти изјавија дека на бродот имало 27 лица, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, која им пристигнала на помош во тешки временски услови, со поддршка од брод на НАТО, два хеликоптера и неколку бродови. Хиос е оддалечен седум километри од турскиот брег.

Според УНХЦР, повеќе од 2.500 луѓе го преминале Егејското Море од Турција оваа година наспроти 9.700 лица минатата година, кога повеќе од 100 луѓе загинаа или исчезнаа.

Европа

Зеленски: Нашата војска може да го одбие секој руски напад

Објавено пред

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска, по повод Денот на вооружените сили, изјави дека украинските вооружени сили можат да го одбијат секој руски напад.

„Припадниците на вооружените сили на Украина ќе продолжат да ја исполнуваат својата најважна мисија – да ги бранат слободата и суверенитетот на државата од рускиот агресор“, рече Зеленски во изјавата.

„Украинската армија верува во сопствената сила и може да спречи каков било план за освојување од страна на непријателот“, додаде тој.

Русија собира големи воени сили во близина на границата со Украина, но ги отфрла обвинувањата дека подготвува офанзива.

Украина денеска ја одбележува 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

По тој повод во Киев, Лавов и Одеса на јавноста ќе ѝ бидат претставени американски воени возила „Хамви“. Во Одеса ќе се одржи свечено предавање на неодамна испорачаните патролни бродови на американската крајбрежна стража, што ќе ги зајакнат капацитетите на украинската воена морнарица.

Украина го повикува НАТО да го забрза нејзиното пристапување, но лидерите на НАТО прво бараат реформи и сузбивање на корупцијата.

Москва го предупредува Западот да не ги преминува црвените линии и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

Прикажи повеќе...

Европа

Новиот австриски канцелар и министрите положија заклетва

Објавено пред

Новиот канцелар Карл Нехамер и новите министри во австриската влада денеска положија заклетва пред претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.

Поранешниот канцелар Александeр Шаленберг, кој во историските анали влегува како канцелар со најкраток мандат од 52 дена, положи заклетва како нов министер за надворешни работи.

Така Шаленберг се враќа на чело на ресорот што го водеше пред оставката на Себастијан Курц.

Освен тоа, заклетва дадоа и новиот министер за внатрешни работи – Герхард Карнер, министерот за финансии – Магнус Брунер и министерот за образование и наука – Мартин Полашек.

Заклетва даде и најмладата членка на владата – Клаудија Плаколм, која преку функцијата државен секретар во кабинетот на канцеларот ќе се занимава со проблемите на младите.

Новите членови на австриската влада нема да имаат време да се запознаат со работата, туку ќе мора веднаш да почнат со своите задолженија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зграпчен за вратот, претседателскиот кандидат Ерик Земур нападнат на митинг во Франција

Објавено пред

Претседателскиот кандидат на крајната десница, Ерик Земур, беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Франција, пренесуваат француските медиуми.

Додека 63-годишникот се движел низ толпата кон бината, маж за момент го фатил за вратот пред да интервенираат полицајците од обезбедувањето.

Локалните медиуми јавуваат дека на Земур му бил повреден зглобот и дека лекарите му препишале девет дена одмор.

Поранешниот новинар е познат по своите контроверзни ставови за мигрантите и за Втората светска војна.

По неколку недели шпекулации, Земур минатата недела ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2022 година.

Инцидентот, во кој беше нападнат Земур, е еден од неколкуте насилни судири за време на настанот одржан во неделата вечерта во конгресниот центар североисточно од Париз.

Според локалните медиуми, на митингот присуствувале околу 10.000 луѓе. Наводно, илјадници демонстранти против екстремно десничарскиот политичар маршираа низ градот, а полицијата уапси десетици пред местото на настанот.

Земур бил нападнат додека поминувал низ толпата. Полицијата бргу го уапсила напаѓачот, а портпаролот на партијата на Земур за весникот „Фигаро“ изјавил дека планираат да поднесат правна жалба и ја пофалил храброста на Земур што одржал говор по инцидентот.

Додека го почнуваше говорот, неговите поддржувачи фрлаа столови кон демонстрантите, кои станаа облечени во маици со антирасистички пароли.

„Ако победам на овие избори, тоа нема да биде уште една ротација на власта, туку повторно освојување на најголемата земја во светот“, им порача тој на насобраните за време на говорот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Путин и Бајден преку видео-врска за бројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет1 час

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет2 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите низ Хаваите....

Топ14 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион14 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет15 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион15 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија16 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет19 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија19 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија22 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија22 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион23 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија23 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа23 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа1 ден

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа1 ден

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет2 дена

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет2 дена

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Досие