Регион
Бугарија одобри проширување на гасоводот од Турција до Србија

Бугарскиот оператор за транзит на гас „Булгартрансгас“, по собирањето на понудите за проширување на националниот систем за транзит на гас од Турција до Србија, донесе конечна одлука за инвестирање во овој проект.
Процената на инвестицијата во проектот изнесува 1,4 милијарда евра, соопшти „Булгатрансгас“.
Проектот, меѓу другото, се рализира поради приемот на гас кој доаѓа од Русија преку гасоводот „Турски тек“.
Неодамна „Гаспром“ ја заврши изградбата на два крака на морскиот гасовод „Турски тек“ по дното на Црното Море, со капацитети од 15,75 милијарди кубни метри годишно. Еден крак е предвиден за турскиот, а другиот за европскиот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шмит: Додик ме покани на неговиот имот, прво ќе работиме потоа ќе пиеме ракија

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, чиј легитимитет го оспоруваат политичарите на Република Српска, во интервју за телевизијата БН рече дека членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, го поканил на неговиот имот.
Имотот на Додик се наоѓа во Бакинци кај Лакташи, а Шмит вели дека засега не ја прифатил поканата, пренесува Аваз. Шмит истакна дека тој и Додик се познаваат со години. На прашањето дали сè уште е оспоруван од одредени политички структури, Шмит одговара дека не треба да се обрнува толку внимание на оние кои се занимаваат со оваа тема.
„Можам само да кажам дека сум во целосна функција, дека настапував во Советот за безбедност, одам во Белград и таму сум прифатен од Александар Вучиќ и патријархот. Кога имам благослов од црквата, тогаш мора да биде тоа “, рече високиот претставник во БиХ.
Шмит додава дека дури и Руската Федерација го признала во Советот за безбедност на ОН како експерт за БиХ. Тој вели дека се чувствува задоволно, но не му се допаѓа што темите треба да се дискутираат настрана. Тој се осврна на неговиот однос со Додик.
„Милорад Додик и јас се знаеме со години, имам покана да дојдам на неговиот приватен имот. Можеби подоцна ќе разговараме за тоа. Прво ќе работиме, јас сум Германец, а потоа ќе пиеме ракија” вели Шмит.
Регион
Турција не отстапува во однос на членството на Шведска во НАТО

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, сигнализираше дека нема напредок во разговорите со Шведска за влез во НАТО, пренесува АФП.
Во телефонски разговор со шведската премиерка Магдалена Андерсон, Ердоган го повика Стокхолм да преземе конкретни активности за да се справи со загриженоста на Анкара. Ердоган истакна дека Шведска мора да преземе чекори во борбата против тероризмот и побара да се види посветеност по ова прашање.
Телефонски разговараше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со Ердоган, а потоа на „Твитер“ објави дека следната недела продолжуваат разговорите во Брисел и Мадрид.
Турција се противи на приемот на Шведска и Финска во НАТО, тврдејќи дека Стокхолм не го спречува финансирањето на курдските терористички групи. Анкара сака Шведска да преземе конкретни мерки против забранетата во Турција Курдска работничка партија, да го укине ембаргото за оружје и да вети дека нема да го воведува во иднина.
Регион
Додик: Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ и сега го слушаме Шолц дека можеме да им веруваме

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик вели дека Германија ја спречила БиХ да добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а сега германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека БиХ може да и верува на Германија, пренесува РТРС.
„Слушнавме сè во претходните денови. Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ со гласањето против, а сега го слушаме германскиот канцелар Шолц дека БиХ може да и верува на Германија. Боже, сешто!“, напиша Додик на „Твитер“.
Свашта смо се наслушали претходних дана. Њемачка је спријечила кандидатски статус БиХ гласајући против, а сада чујемо њемачког канцелара Шолца да БиХ може вјеровати Њемачкој.
Боже свашта!— Милорад Додик (@MiloradDodik) June 25, 2022
Германија, Холандија и Франција беа против кандидатурата на БиХ за членство во Европската унија на Самитот ЕУ-Балкан во Брисел.