Регион
Бугарија се откажа од вакцинацијата според приоритети поради малиот одѕив

Бугари од сите возрасти, некои на возраст од 20 години, чекаат во долги редици пред болниците откако владата дозволи да се вакцинираат сите граѓани, бидејќи се пријавиле малкумина од приоритетните групи. Помалку од една третина од луѓето од приоритетните групи одлучиле да се вакцинираат.
Бугарската влада затоа објави дека некои болници ќе почнат да ја даваат вакцината на „Астразенека“ на секој што сака.
Одлуката за откажување на списоците со приоритети е донесена откако земјата забележа најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, главно поради загриженоста на граѓаните за несакани ефекти и растечката недоверба кон владата и нејзините институции.
Во две одделни истражувања објавени минатата недела од институтите „Галуп“ и „Алфа рисерч“, 48 и 52 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да се вакцинираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Во мај ќе имаме колективен имунитет

Во мај ќе имаме колективен имунитет, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
„Вакцините ќе ги добиеме во мај и до средината на јуни. Првично мислевме дека тоа ќе се случи во август, но убеден сум дека веќе во мај, со 3 милиони вакцинирани, ќе имаме колективен имунитет“, рече Борисов.
Тој истакна дека благодарение на европската солидарност и нивната брза дипломатска акција, успеале да обезбедат 2,7 милиони дози од вакцината „Фајзер“ да бидат испорачани во Бугарија во следните два месеци, јави БГНЕС.
Борисов изрази уверување дека зголемениот број на вакцинирани и излекувани ќе придонесе Бугарија да ја надмине пандемијата.
Пред една недела беше соопштено дека Бугарија ќе добие повеќе од 1,2 милиони „солидарни вакцини“ против Ковид-19 од „Бионтек“ и „Фајзер“ во второто тромесечје. Повеќето земји членки на ЕУ се согласија заеднички да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози со Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка – земји за кои е заклучено дека им се потребни најмногу вакцини.
Регион
Во Црна Гора 237 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 237 нови случаи на коронавирус, а во истиот период девет лица починаа како резултат на инфекцијата.
Вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.354, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Вкупниот број на активни случаи е 4.681.
Од почетокот на март 2020 година вкупниот број регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 93.803
Регион
Познат грчки новинар ликвидиран во Атина

Двајца вооружени мотоциклисти денеска го застрелаа познатиот грчки новинар Џорџ Караиваз, кој истражуваше криминал, соопшти полицијата, додавајќи дека тој бил убиен во близина на својот дом во Атина.
Новинарот на приватната телевизија СТАР ТВ ѝ беше добро познат на грчката јавност по известувањето за криминалот.
Владината портпаролка Аристотелија Пелони рече дека убиството ги шокирало сите.
„Властите веќе почнаа истрага“, рече таа.
Полицијата соопшти дека Караиваз бил застрелан од двајца мотоциклисти, кои испукале повеќе куршуми во близина на неговиот дом во Алимос во јужна Атина. На местото на настанот се пронајдени дванаесет патрони.
Иако мотивите за пукањето сè уште не се познати, полицијата потврди дека убиството очигледно било внимателно испланирано.
„Ова е професионално убиство“, изјави полициски службеник.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш