Македонија
Бугарскиот премиер Денков: Скопје треба да си ја заврши домашната задача, Бугарија нема да го смени ставот

Зошто е толку голем проблем Бугарите да бидат вклучени во уставот на РСМ меѓу десетина други народности, истакнува бугарскиот премиер Николај Денков во изјава за бугарските медиуми.
Северна Македонија додава тој треба да го искористи секој отворен прозорец сега и во наредните неколку месеци.
Со спроведувањето на т.н Францускиот предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ, вели бугарскиот премиер, пренесуваат тамошните медиуми.
Нема причина Бугарија да го смени ставот кон Северна Македонија, вели Денков и додава оти очекува нашата земја да ги исполни обврските преземени од францускиот предлог.
На прашањето дали бугарскиот став кон Македонија ќе се смени затоа што некои политичари во Скопје се надеваат дека може да се случи нов европски притисок кон Софија, тој одговара:
„Категорично не. Со спроведувањето на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Она што се очекува е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени кон ЕУ. Нема причина да го смениме нашиот став“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.