Регион
Бугарските гласачи во недела излегуваат на трети избори во последните четири години
Бугарските гласачи во недела излегуваат на трети избори во последните четири години, а според предизборните анкети исходот од овие парламентарни избори ќе биде крајно неизвесен и политичка стабилност повторно не е на повидок, пренесуваат бугарските медиуми.
Конзервативната партија ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) на поранешниот премиер Бојко Борисов и опозициските социјалисти (БСП) се во мртва трка. Анкетата на „Брима Галуп“ покажала дека социјалистите имаат 30,3 отсто, а ГЕРБ 29,9 проценти поддршка.
Останатите анкети исто така укажуваат на мала разлика помеѓу партиите. Борисов, уверениот проевропеец, поранешен телохранител, пожарникар, полицаец и градоначлнк на Софија, кој често се бореше со обвинувањата за корпуција и поврзаност со организираниот криминал, ветува брз економски раст, доколку го освои третиот мандат.
На претседателските избори кои беа одржани во ноември минатата година во земјата победи кандидатот на БСП, генералот Румен Радев, победувајќи го тогаш противкандидатот од ГЕРБ со повеќе од 20 проценти разлика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Нереални снимки од Босна и Херцеговина, местото се претвори во река, отсечено е од светот
По обилните дождови во Босна и Херцеговина, многу градови беа погодени од поплави, одрони и свлечишта, меѓу кои и Бутуровиќ Поле.
Досега во поплавите во Босна и Херцеговина загинаа 18 лица.
Според достапните информации, ова место е практично отсечено од останатиот дел од земјата и светот.
Снимките со дрон, снимени од Ален Беглук, го откриваат целиот размер на катастрофата што го погоди Бутуровиќ Поле.
Регион
(Видео) Спасувачка операција во БиХ по поплавите: трудница во тешка состојба, 10-годишно момче со тешки скршеници со хеликоптер е префрлено во Мостар
Доктор Ламија Дурановиќ, директор на кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“ во Мостар, потврди дека во првиот бран на евакуација од Јабланица помош им била укажана на четири лица, од кои две биле пренесени со хеликоптер.
-Се работи за трудница во осмиот месец од бременоста, која беше евакуирана од екипите на Планинарската спасувачка служба, а која за жал го загуби бебето. За жал моментално е во животна опасност. Не можам да дадам прогнози, бидејќи се работи со повеќекратни повреди опасни по живот – изјави Дурановиќ за Avaz.ba.
Со неа, додаде таа е донесен и нејзиниот сопруг, а неговиот живот не е во опасност.
-Потоа со хеликоптер е пренесено 10-годишно момче, кое има скршеници и во моментов не е ни во животна опасност, како и маж, кој засега е стабилен – изјавила таа.
Таа нагласи дека целосно се ослободени сите капацитети на оваа болница за потребите на прием и згрижување на повредените жители на Јабланица.
– Вработените нема да ги напуштат работните места до дополнително известување, а сите што беа ослободени ги повлековме од дежурство – рече таа.
Засега немаат информации од терен колку евентуално повредени може да очекуваат во наредните часови.
– Целосно сме подготвени и во контакт сме и со нашите колеги во СКБ Мостар – изјави Дурановиќ.
Инаку транспортот и евакуацијата на повредените од Јабланица се одвива во исклучително тешки услови.
Според досегашните информации, припадници на ГСС на носилки ги носат повредените до изворот Комадино, а потоа со помош на чамци се транспортираат до мостот Бегиќ и Беговиќ.
Инаку според медиумите во регионот најмалку 14 лица загинале во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина.
Јабланица сè уште е целосно отсечена од остатокот на БиХ. Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, претходно изјави дека има неофицијални информации за најмалку 20 жртви во Јабланица.
Регион
Најмалку 14 загинати во Јабланица, објавена првата официјална информација за жртвите од поплавите во БиХ
Дарко Јукан, раководител на Секторот за односи со јавноста, потврди дека во Јабланица загинале најмалку 14 лица.
Тој објави дека се пронајдени 14 тела и дека има многу жртви, а најкритична е состојбата во областа Долна Јабланица, на патот од Мостар кон Сараево, по обилните врнежи во текот на ноќта, што предизвика одрони и свлечишта на југот на Босна и Херцеговина.
Јабланица сè уште е целосно отсечена од остатокот на БиХ. Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, претходно изјави дека има неофицијални информации за најмалку 20 жртви во Јабланица.
Тој изјави дека се ангажирани припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина, полицијата и меѓународните сили, кои се на обука и дека има проблеми со прекин на комуникациите.
„Ќе побараме помош од меѓународната заедница и од другите земји“, додаде тој за „Ал џезира“.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина ќе бидат ангажирани со полн капацитет да му помогнат на населението во поплавените подрачја, изјави министерот Хелез за „Аваз“.
„Трудницата, чие дете ѝ почина во утробата, е евакуирана од подрачјата погодени од поплавите на југот на Босна и Херцеговина и е оперирана во Мостар“, изјави Ламија Дурановиќ, директор на кантоналната болница „Д-р Сафет Муиќ“, за Радио Слободна Европа.