Контакт

Регион

Бугарски воен хеликоптер се урна кај Пловдив, загинаа двајца пилоти

Објавено пред

Двајца пилоти загинаа, а еден член на екипажот е повреден кога бугарски воен хеликоптер се урна во воздухопловната база кај бугарскиот град Пловдив, соопшти Министерството за одбрана.

Хеликоптерот од руско производство „ми-17“ летал 50-ина метри над базата Крумово кога се урнал околу 20.30 часот по локално време, се наведува во соопштението, со напомена дека истрагата за инцидентот е во тек.

Минатата година воен хеликоптер се урна во Црното Море кај бугарскиот брег за време на тактички вежби, при што загина еден офицер, а двајца беа повредени.

Регион

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Објавено пред

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена. 148 пратеници гласаа против Ципрас.

Ципрас рече дека Парламентот во Грција денес гласал за стабилност.

„Денес Парламентот гласаше за стабилност. Владата која веќе ја промени Грција ќе продолжи така до завршувањето на нејзиното уставно загарантирано времетраење“, рече  Ципрас.

Тој претходно изјави дека ако ја добие довербата со апсолутно мнозинство од 151 пратеник во 300-члениот парламент, ќе го достави месецов и договорот за името со Македонија на ратификување.

Гласањето за доверба следуваше откако десничарскиот коалициски партнер Панос Каменос поднесе оставка во знак на протест поради договорот со Македонија.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен педофилот што им испраќал подароци за родителите преку „Али експрес“, а за возврат добивал голи фотографии на деца

Објавено пред

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, одделот за спречување високотехнолошки криминал, во соработка со специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија Д.К. (42) од Белград под сомневање дека сторил кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и злоупотреба на малолетно лице за порнографија.

За време на претресот на осомничениот, полицијата пронајде и конфискува компјутерска опрема со 42,5 гигабајти содржина настаната преку искористување деца за порнографски цели, преземени од интернет, а на мобилниот телефон на осомничениот пронајдени се 826 фотографии и 120 видеа, во кои децата се искористуваат за порнографски цели.

Постои сомневање дека Д.К., освен преку преземање од интернет, содржините ги набавувал и преку комуникација со луѓе од странство, така што во замена за подароците што им ги праќал преку „Али експрес“,  стекнал фотографии и видеа од нивните деца, кои се користат за порнографија.

Осомничениот е приведен со кривична пријава пред канцеларијата на надлежниот обвинител.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчкиот вицепремиер: Ципрас ќе го преживее гласањето недоверба

Објавено пред

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе ја добие довербата во парламентот, дециден е грчкиот вицепремиер, Јанис Драгасакис, кој истовремено е и убеден дека преспанскиот договор ќе го освои потребното мнозинство, пренесе „Ројтерс“.

Вицепремиерот рече дека владата ќе стане посилна кога ќе го победи гласањето недоверба, што ќе се случува доцна вечерва, а потоа ќе може да обезбеди поддршка од парламентот за договорот со кој ќе се стави крај на спорот за името.

„Ројтерс“ пишува дека грчките противници на договорот тврдат дека новото име Република Северна Македонија претставува обид за присвојување на грчкиот идентитет.

Ципрас изјави дека ако ја добие довербата со апсолутно мнозинство од 151 пратеник во 300-члениот парламент, тој ќе го достави месецов и договорот за името на ратификување. Ако изгласаат недоверба, Ципрас најави дека веднаш ќе закаже парламентарни избори.

Во согласност со уставот, Ципрас треба да обезбеди најмаку 120 гласа, меѓутоа тој се надева на 151 глас за да добие апсолутно парламентарно мнозинство.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа11 час

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија12 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија15 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија15 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија16 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија17 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија17 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија17 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија18 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија19 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија19 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија20 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија21 час

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија22 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион22 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести22 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија22 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет23 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет23 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Досие