Контакт

Регион

Бугарски политичар: Која е цената на бакнежот со Трамп?

Објавено пред

Купувањето американски авиони Ф-16 е цената што Бугарија ја плати за посетата на својот премиер Бојко Борисов на Белата куќа, изјави лидерот на бугарската партија АБВ, Румен Петков.

„Слабо се подготвивме за состанокот: да им дадевме уште две милијарди, тие (Борисов и Трамп) ќе се бакнеа и в уста. Сфаќате дека е навредливо и грдо да платите две милијарди лева за авиони што треба да ги чекате? Цел свет ни се смее. Плаќаме авиони што ќе бидат произведени во фабрика што сè уште не постои“, изјави Петков за „Телевизија Европа“.

Тој смета дека САД се стратешки партнер на Бугарија и земјите мора да имаат добри односи со нив, но не на штета на благосостојбата на Бугарија. Софија исто така не треба да избира меѓу односите со САД и со Русија, рече тој.

„Ако тежнееме кон тоа некој да нè тапка по рамото, а притоа некој друг да нè гледа лошо, тоа е криминално однесување. Бугарија беше членка на Варшавскиот пакт, ни тоа никогаш не влијаеше на нејзините односи со Сојузна Република Германија или со Велика Британија“, истакна Петков.

Петков повеќепати го критикуваше купувањето американски ловци. Тој претходно ги спореди авионите со скапи правосмукалки и ја обвини владата за склучување договор кој е во спротивност со националните интереси на Бугарија.

И бугарскиот претседател Румен Радев ја критикуваше процедурата за избор на нови ловци. Во јули шефот на државата го блокираше ова купување, но една недела подоцна неговото вето беше надгласано со мнозинство гласови во парламентот.

Во август бугарското Министерство за одбрана целосно исплати осум авиона. Нивната вредност е речиси 1,26 милијарди долари, а ќе бидат испорачани кон крајот на 2023 и 2024 година.

 

 

Регион

Колинда се премисли, бара канцеларија и по мандатот

Објавено пред

Хрватската претседателка во заминување, Колинда Грабар-Китаровиќ, се премислила и се откажа од намерата да не бара на располагање канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот на 18 февруари, пренесува „Индекс“.

Хрватскиот портал потсетува дека Грабар-Китаровиќ го почна својот мандат со ветување дека ќе го премести претседателскот кабинет од Пантовчак заради заштеда, а го завршува со најава дека ќе бара канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот затоа што, како што изјавила за „Нова ТВ“, сака да продолжи да работи на брендирањето на Хрватска и дека за тоа ѝ треба база.

Таа посочила дека не може да седи негде и да не работи ништо, истовремено тврдејќи дека својот наследник Зоран Миланивиќ ниту ќе го критикува, ниту ќе го фали, ниту ќе ја коментира неговата работа.

Според важечките прописи, Грабар-Китаровиќ има право шест месеци да добива надомест во висина на платата, која изнесува 24.376,20 куни (3.276 евра) нето, а потоа уште шест месеци 50 отсто од таа плата.

Како поранешен претседател има пет години право на канцеларија, на двајца државни службеници, личен возач и службено возило, а правото на физичка заштита ќе го има трајно.

Прикажи повеќе...

Регион

Расте бројот на заболени и починати од грип во Грција

Објавено пред

Во Грција е регистриран пораст на бројот на тешки случаи на заболени и починати од грип. Според Националната организација за јавно здравство, од октомври до минатата недела биле пријавени 59 случаи на грип, од кои 50 се лекувани на одделенито за интензивна нега.

Само минатата недела 27 од 50 случаи се примени на интензивна нега.

Како што се наведува, 42,4 процента од пациентите во одделението на интензивна нега се разболеле иако биле благовремено вакцинирани против грип.

Во Грција вкупно се пријавени 13 смртни случаи од компликации на оваа болест, од кои седум биле на одделението на интензивна нега.

Исто така, зголемен е бројот на посети на лекари на пациенти со симптоми на грип.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Подгорица уапсен колумнистот Игор Дамјановиќ поради преписка на „Фејсбук“

Објавено пред

Црногорскиот аналитичар и колумнист Игор Дамјановиќ бил уапсен денеска поради преписка на „Фејсбук“ со извесен Алија Џукиќ, кој против него потоа поднел пријава, наведува порталот „Ин4с“.

Дамјановиќ е познат како координатор на мировното движење „Не во војна, не во НАТО“ и аналитичар кој отворено ја критикува црногорската власт.

По оцената на многу аналитичари во Црна Гора, овој настан е само уште една потврда дека очигледно се воведува како пракса во постапувањето на црногорската полиција вербалниот деликт да го смета за доволна причина за апсење.

„Ваквите вести не се само показател на режимската бруталност, туку, пред сè, на слабоста. Се плашат од слободната мисла. Сега се во незапаметена криза“, вели аналитичарот Бошко Вукичевиќ.

Претходно, никшиќанецот Милија Горановиќ беше казнет со глоба од 500 евра затоа што на својот фејсбук-профил наводно го навредувал директорот на Управата на полицијата на Црна Гора, Веселин Вељовиќ.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Поднесено обвинение за Емил Јакимовски за семејно насилство и закани кон новинарката Мери Јордановска

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за семејно насилство и закани упатени кон новинарката...

Македонија3 часа

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија3 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија4 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет6 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет7 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија7 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет18 часа

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет19 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион20 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија22 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа23 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија24 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија1 ден

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ1 ден

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет1 ден

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија1 ден

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет1 ден

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Досие