Контакт

Регион

Бугарското МНР бара состанок со Комисијата за надворешни работи за позицијата со Македонија

Објавено пред

Нацрт-билатералниот протокол со Скопје веќе е испратен до парламентарната Комисија за надворешна политика, ова за „Бгнес“ го потврдија од прес-центарот на Народното собрание.

dobivaj vesti na viber

Во оваа фаза целиот процес целосно зависи од Комисијата за надворешна политика на Националното собрание, која сè уште нема закажано состанок на оваа тема, наведува „Бгнес“.

„Би било целисходно Комитетот за надворешна политика веднаш да го свика овој состанок со учество на Министерството, да се разговара за сите достапни документи, да се формулира консолидирана бугарска позиција и да се утврдат следните чекори на бугарската дипломатија. Би било оптимално ако Советот на министрите веќе го изразеше своето мислење за ова важно прашање за земјата. Доколку тоа не се случи во најбрз можен рок, МНР има мандат само да се придржува до рамковниот став, декларацијата на Националното собрание од 2019 година и до заклучоците од ССНС од 2022 година, на кои предложената нацрт-преговарачка рамка не се исполнува целосно“, наведуваат од бугарското МНР.

Регион

Ердоган предлага смртна казна за оние што подметнуваат пожари

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи воведување смртна казна за одговорните за подметнување шумски пожари.

dobivaj vesti na viber

„ Каква казна треба да биде тоа? Смртна казна? Мислам дека тоа треба да се казнува со смрт“ изјави Ердоган пред новинарите собрани во одморалиштето Мармарис, погодено од пожар, во југозападната провинција Мугла.

Пожарот во Мармарис, кој беснее од вторникот, изгоре 4.000 хектари, а 435 луѓе се евакуирани.

Денеска судот во Мармарис испрати во затвор маж кој „признал“ дека го подметнал пожарот по семејна расправија, јави Анадолија.

Туркије ја укина смртната казна во 2002 година, па пред Ердоган да донесе конечна одлука, таа прво треба да биде изгласана во Парламентот.

Прикажи повеќе...

Регион

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Објавено пред

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен од Франција, кој ќе ја отвори вратата за Скопје да започне формални преговори за членство во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Но, Петков призна дека тоа може да ја урне владата на Ковачевски, исто како што самиот Петков се соочи – и изгуби – со гласање за доверба на неговата влада во средата.

„ На крајот на денот, знам дека е многу политички тешко“, рече Петков во интервју за „Политико“ во Брисел.

„ И знам дека ризикот од соборување на владата е голем ризик“, продолжи тој.

„ Како политичар треба да се одлучи, која е мојата цел на ова место? Дали мојата цел е да бидам стабилен? Или мојата цел е да ја водам нацијата – да направам чекор напред. И мислам дека ова е одлуката, што сега треба да ја донесе Димитар Ковачевски. Да бев јас на негово место, немаше да мислам два пати. Ако може да влезе во историјата со отворање на вратата за Северна Македонија во ЕУ, мислам дека тоа е добро … достигнување за еден премиер. Но, потребна е храброст“ порача Петков.

Бугарскиот премиер е во Брисел за да присуствува на самитот на Европскиот совет, каде Бугарија е под остри критики за попречување на пристапните преговори на Северна Македонија, не само од Ковачевски и од другите лидери од Западен Балкан, туку и од некои од највлијателните шефови на држави и влади на ЕУ.

„Дали е фер во однос на Северна Македонија? Ќе кажам многу искрено: не“, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон за печатот на самитот на лидерите на ЕУ. „ Ова е и причината зошто ние колективно извршивме голем притисок врз Бугарија овие последни месеци“ додаде тој.

Макрон го пофали Петков, за кого рече дека „направил сè“, но тој истакна дека Северна Македонија е жртва на внатрешната политика на Бугарија.

Петков инсистираше на тоа дека ја покажал потребната политичка храброст за да се бори против вкоренетите интереси, да ја запре корупцијата и да се заложи за договор со Скопје.

Прикажи повеќе...

Регион

Петков: Бугарскиот парламент донесе историска одлука

Објавено пред

Бугарскиот парламент донесе историска одлука, објави бугарскиот премиер Кирил Петков на Твитер.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска, бугарскиот парламент донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“, напиша тој, нагласувајќи дека „интеграцијата на Западен Балкан е од стратешки интерес за Европската унија.

Народното собрание претходно денеска гласаше за предлог-резолуцијата со цел да се реши спорот меѓу Софија и Скопје и да се отвори патот за европска интеграција на Македонија. Тој беше усвоен со 170 гласа „за“.

Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и „Демократска Бугарија“, се заснова на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на него за што повеќе да се заштитат бугарските интереси. Овој документ е многу близок до другата предлог-одлука предложена од ГЕРБ и поддржана од партијата на Бојко Борисов, пренесува БГНЕС.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија....

Свет9 часа

Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да...

Свет11 час

(Видео) Бајден за одлуката на Врховниот суд: Ова е тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати по одлуката на Врховниот суд да дозволи забрана на абортусот. Тој на почетокот рече...

Македонија11 час

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе...

Регион12 часа

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен...

Свет13 часа

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат. Врховниот суд ја укина пресудата со која се...

Македонија16 часа

Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од...

Европа18 часа

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за...

Европа19 часа

Бугарското МНР за Рама: Слушаме непровоцирани, тешки и навредливи квалификации од шеф на влада

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија што ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ги браневме...

Македонија20 часа

Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

„Нема потреба ниту од два збора ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“. Ова е...

Европа21 час

Украина и Молдавија со кандидатски статус; Макрон: Ова е порака до Русија

Еден од најмоќните европски политичари, францускиот претседател Емануел Макрон, ја поздрави одлуката Украина да добие официјален статус на земја кандидат...

Македонија21 час

Османи: Усвојувањето на резолуцијата во Бугарија ќе го блокира европскиот процес и ќе го парализира договорот за пријателство

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи,...

Европа21 час

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со...

Европа21 час

Зеленски за официјалното доделување статус во ЕУ: Украина не е перница меѓу Западот и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ објави уште еден коментар за официјалното доделување статус на кандидат за...

Македонија22 часа

Захариева: Петков требаше поодговорно да се однесува за Северна Македонија

Немањето став повеќе од една недела за францускиот предлог за регулирање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги влоши...

Свет1 ден

Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна...

Свет1 ден

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа...

Свет1 ден

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи....

Регион2 дена

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се...