Контакт

Регион

Вакцината „спутник В“ ќе се произведува и во Србија

Објавено пред

Рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ) и српскиот Институт за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ објавија дека постигнале договор за производство на руската вакцина против коронавирус „спутник В“ во Србија. Производството во погоните на „Торлак“ може да започне до мај, објави агенцијата „Танјуг“.

Србија ќе биде првата земја во Југоисточна Европа што ќе ја произведува вакцината „спутник В“, а подоцна ќе може да се извезува во соседните земји, се вели во соопштението.

Директорот на РДИФ, Кирил Димитријев, ѝ се заблагодари на Владата на Србија за континуираната поддршка и доверба во „спутник В“.

„Србија е меѓу првите земји во светот што го одобри ‘спутник’ и ја користи вакцината за да го заштити населението од коронавирусот. Производството на руската вакцина во ‘Торлак’ ќе обезбеди полесна логистика и ќе помогне во забрзувањето на програмата за вакцинација на земјата”, рече Димитријев.

Министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, меѓу другото, рече дека производството на вакцината „спутник В“ во институтот „Торлак“ ќе ги зајакне капацитетите на Србија да се бори против пандемијата на коронавирус и ќе отвори нови перспективи за дистрибуција на вакцината во Југоисточна Европа.

Регион

Стано: Позицијата на ЕУ за Западен Балкан е многу јасна, нема што да се менува

Објавено пред

Позицијата на Европската Унија е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите, нема ништо што треба да се промени, рече денес портпаролот на Европската комисија, Пeтeр Стано, одговарајќи на новинарско прашање за наводниот нон-пејпер, документ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој, според некои медиуми, тој веќе го има испратено во Брисел.

Европската комисија соопшти дека тие не знаеле за ваков документ и дека медиумите треба да ги контактираат словенечките партнери или Европскиот совет, до чиј претседател наводно бил испратен документот, пишуваат агенциите.

„Не сме примиле, виделе или знаеле за таков нон-пејпер, па затоа нема да коментирам нешто што е претпоставена тема на тој документ и за кое велите дека се граници“, рече Стано на брифинг со новинарите.

„Овде нема што да се смени. Позицијата на ЕУ е многу јасна кога станува збор за Западен Балкан и границите. Нема ништо што треба да се смени тука. Треба да работиме на регионална соработка, помирување, тоа е логиката на процесот на пристапување“, рече Стано додавајќи дека сите можни отворени прашања меѓу земјите во регионот треба да се решат во процес што не навлегува во опасни зони придржувајќи се кон до законите и принципите на ЕУ.

Самиот Јанша ги негира обвинувањата велејќи дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека било тешко да му предаде што и да било во февруари или март годинава.

Прикажи повеќе...

Регион

Српски виролог: Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот

Објавено пред

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево, вели дека кинеската вакцина против коронавирусот побавно создава имунитет, но дека, според научниците од „Кембриџ“ и „Оксфорд“, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.

Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител „Синофарм“ ги испитувале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската „спутник В“.

„Тоа е класична вакцина, експертите од ‘Кембриџ’ и ‘Оксфорд’ велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот“, изјави Шеклер за телевизијата „К1“.

Коментирајќи ја изјавата на раководителот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите, Гао Фу, дека поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, се разгледува комбинацијата на вакцини против Ковид-19, Шеклер рече дека кинеската вакцина на „Синофарм“ побавно развива имунитет отколку западните инстант-вакцини, кои се засноваат на еден антиген.

Тој додаде дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 отсто за вакцината против сезонскиот грип.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен словенечки државјанин, превезувал 33 мигранти од Пакистан

Објавено пред

Дваесет и двегодишен словенечки државјанин е уапсен откога бил фатен во комбе со кое превезувал 33 пакистански мигранти, соопшти денеска полициската управа на Љубљана.

Полицијата запре комбе на автопатот А1 во близина на Врника, југозападно од Љубљана, додека возеше во правец на Копер.

При претрес на возилото биле откриени 33 пакистански државјани, а мигрантите илегално ја минале границата.

Возачот, кој доаѓал од подрачјето на Крањ, бил уапсен, а постапките со мигрантите сѐ уште траат, објави полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа2 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија3 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ3 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа3 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет5 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија5 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет5 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион5 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа6 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет6 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион18 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет19 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ21 час

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија22 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет23 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија1 ден

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија1 ден

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија1 ден

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Досие