Контакт

Регион

„Вечерње новости”: Амбасадата на САД му подготвува затвор на Додик

Објавено пред

Официјални претставници на Амбасадата на САД во Сараево вршат притисок врз Обвинителството на БиХ да подигне обвинение против новоизбраниот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, со цел да го спречат да ја преземе оваа функција, пишуваат „Вечерње новости”.

Според информациите, за директното влијание врз Обвинителството е одговорна Кортни Клајн, раководителка на Канцеларијата за владеење на правото во Амбасадата на САД во БиХ.

Таа со денови седи во обвинителските канцеларии во Сараево и инсистира што е можно поскоро, на каков било начин, да биде подготвено обвинение против Додик, кое ќе овозможи да биде приведен и ставен во притвор.

Зад сето тоа, како што пишуваат „Вечерње новости”, стои американската амбасадорка во заминување Морин Кормак, чиј мандат беше обележан со остри судири со Додик и нескриено мешање во внатрешните работи и политиката на Босна и Херцеговина.

Таа на денот на изборите ги повикуваше граѓаните да гласаат, а потоа дури и ја посети Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, кога беше сигурно дека Додик и СНСД убедливо водат, обидувајќи се да ја протне приказната за „нерегуларности во гласањето”.

Весникот наведува дека изборот на Додик за српски член на Претседателството на БиХ ги вознемирени претставници на западните земји поради неговите блиски врски со Москва, но, исто така, бидејќи инсистира на самостојна Република Српска.

Регион

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Објавено пред

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти бугарската влада.

Сајбер-нападот на бугарската Национална агенција за приходи (НРА) се случил кон крајот на јуни, а е откриен откако едно лице, кое тврди дека е руски хакер, ги контактирало бугарските медиуми доцна синоќа нудејќи им пристап до украдените податоци.

„Споредивме 30 отсто од податоците кои се објавени и потврдуваме дека тоа се информации од НРА“, изјавил Росен Бачваров, портпарол на НРА.

Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов, изјави дека информациите кои се украдени немаат ознака „доверливо“ и не ја загрозуваат финансиската стабилност.

Дневниот весник „24часа“ објави дека еден фајл кој го испратил наводниот хакер по електронска пошта содржел повеќе од 1,1 милиони идентификациони броеви со податоци за приходи и за социјално и здравствено осигурување.

Прикажи повеќе...

Регион

Аеродромот во Сплит затворен поради дрон

Објавено пред

Аеродромот во Сплит бил затворен половина час поради дрон, па два авиона биле пренасочени кон Задар, а другите кружеле над Сплит, објави „Слободна Далмација”

Дронот кој го попречил воздушниот сообраќај довел до затворање на аеродромот во периодот помеѓу 12:42 и 13:16 часот.

Според неофицијални сознанија на весникот, два авиона биле пренасочени на аеродромот во Задар, додека другите авиони кружеле над Сплит додека не добиле дозвола за слетување.

Сплитската полиција потврди дека воздушниот сообраќај бил запрен половина час, а полицијата сè уште е на терен во реонот околу аеродромот во потрага по сопственикот на дронот.

Прикажи повеќе...

Регион

Грабар-Китаровиќ: Изјавата за мигрантите е извадена од контекст

Објавено пред

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ остро го отфрли обидот за, како што вели, погрешно толкување и вадење од контекст на изјавата во врска со заштитата на хрватските граници од илегални миграции.

„Сакам да истакнам дека хрватската полиција во спроведувањето на активностите за надзор на државната граница, со тоа и границите на ЕУ, во спречувањето на нелегалната миграција, постапува законски, професионално и хумано, а средствата за присила кон прекршителите на законот ги применува во најмала можна мера која е неопходна за заштита на безбедноста на полициските службеници и за извршување на нивните задачи“, рекле од канцеларијата на хрватската претседателка за „Индекс.хр“.

„Ова се факти кои ниту една игра на зборови, погрешни преводи или извадени од контекст делови од изјави не можат и нема да ги променат“, се вели во одговорот од канцеларијата.

Претходно медиумите објавија дека Грабар-Китаровиќ рекла дека хрватската полиција насилно ги враќа мигрантите од границата и дека потребно е малку насилство при спроведувањето потиснување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа12 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет12 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија15 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа16 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија17 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт17 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија18 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија21 час

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет21 час

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет21 час

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион22 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет23 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија23 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа24 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија1 ден

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија1 ден

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Досие