Контакт

Регион

„Вечерње новости“: Џаферовиќ знаел дека војниците на Сулејмани им ги сечат главите на Србите

Објавено пред

Иранскиот генерал Касем Сулејмани, како што беше обелоденето вчера, престојувал во БиХ во повеќе наврати од 1993 до 1999 година, и тоа најчесто во поширокиот регион на Зеница, каде дејствувал озлогласениот одред „Ел муџахедин“, кој се наоѓал во зоната на одговорност на Шефик Џаферовиќ, актуелниот бошњачки член на Претседателството на БиХ, пренесуваат „Вечерње новости“.

Како што тврдат соговорниците на „Новости”, Џаферовиќ како началник на Центарот за безбедносни служби на Зеница, бил запознат со дејствувањето на Сулејмани и со масовните воени злосторства на исламистите над Србите.

„Во зоната на одговорност на Џаферовиќ за време на војната муџахедините извршија монструозни злосторства над Србите. Отсечени им се главите на стотина српски заробеници и тоа се најмасовните ритуални убиства на светот“, вели Џевад Галијашевиќ, експерт за борба против радикалниот ислам.

Тој додава дека Џаферовиќ знаел за сите злосторства и дека ги имал на располагање транскриптите од разговорите на муџахедините, но не сторил ништо за да ги спречи злосторствата над Србите во Возуќа.

„Сулејмани во текот на целата војна во Босна доаѓал и ги обучувал муџхедините, но одел и во Сараево и ги обучувал припадниците на тајната служба АИД на Алија Изетбеговиќ. Сулејмани бил вклучен и во опремувањето на муџахедините во зоната на одговорност на Џаферовиќ на кои им доставувал оружје преку Хрватска, а дел од тој арсенал останувал кај Хрватите. Џаферовиќ по војната веднаш беше префрлен како генерален секретар во АИД и имал увид во сите воени документи и можел да прави со нив што сака. Иако на судењата на генералите од т.н. Армија на БиХ беше споменато неговото име, тој никогаш не беше осуден за воени злосторства, што е голем пропуст на правосдуството во Хаг“, истакнува Галијашевиќ.

Ненад Стевандиќ, шеф на Српскиот клуб во Парламенот на БиХ, вели дека Република Српска е свесна кој ги претставува Бошњаците во Претседателството на БиХ и дека е интересно колку бил светот лицемерен, замижувајќи пред злосторствата над Србите и укажувањата на радикалниот ислам, а сега кога тој стана глобален проблем, ја враќаат приказната на БиХ.

Џаферовиќ во повеќе наврати ги отфрлал сите обвиненија и пријави против него дека учествувал во прикривањето на злосторствата на подрачјето на Зеница и Возуќа. Против него пријава во Обвинителството на БиХ поднел и Мирсад Кебо, потпретседателот на Федерацијата БиХ, но Џаферовиќ демантирал сè и порачал дека е горд на својата улога во војната и дека образот му е чист.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Бугарија 346 лица се заразени со коронавирус, од кои над 200 се од Софија

Објавено пред

Во Бугарија денеска се регистритани нови 8 нови случаи на заразени со коронавирус, од кои сите се од Софија.

Бројот на заразени лица во главниот град изнесува 214, а вкупниот број заразени лица е 346.

„Од сите 346 случаи, 125 се хоспитализирани, а 13 се во одделот за интензивна нега“, изјави претседателот на кризниот штаб во земјата, Венцислав Мутафчииски, пренесе „БГНЕС“.

Досега во Бугарија починаа 8 лица, а нивната просечна возраст е 66 години.

17 од заболените се медицински персонал. Помеѓу денешните случаи, има заболено 6 медицински лица од Софија.

Поради топлото време, поголем број жители на Софија ги игнорираа мерките и денеска прошетаа низ парковите во градот, пишува бугарската новинска агенција.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција досега 1.156 заболени од коронавирус, починаа 38 лица

Објавено пред

Во Грција од коронавирус во изминатото деноноќие починаа уште шест лица, со што бројот на починати се зголеми на 38.

Како што соопшти епидемологот Сотирис Циодрас, кој ги даде најновите податоци во дневниот брифинг на Министерството за здравство, во земјата има 95 нови потврдени случаи на заболување од саботата, со што бројот на заболени достигна 1.156 луѓе.

Од нив, 69 се во одделенијата за интензивна нега, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија уште 82 лица се позитивни на вирусот, регистрирани три нови смртни случаи

Објавено пред

Во Србија се регистрирани 82 нови случаи на коронавирусот, со што бројот на заразени сега изнесува 741 лице.

Денеска се регистрирани уште три смртни случаи на коронавирусот, со што бројот на починати се искачи на 13 лица.

Починатите се родени во 1958, 1938 и 1934 година, информираа властите во земјата, а во моментов на респиратор има 55 луѓе.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија15 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија15 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија16 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија16 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија17 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија17 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија18 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија20 часа

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет20 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет20 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа1 ден

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија1 ден

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија2 дена

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија2 дена

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет2 дена

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа2 дена

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија2 дена

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија2 дена

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Досие