Контакт

Регион

(Видео) Ајкула им се приближала на пливачи на хрватскиот остров Вир

Објавено пред

Утрово околу 8:30 часот до капачи на плажа на островот Вир се приближила ајкула.

Како што јави фејсбук-страница Cro2go, ајкулата ја снимило семејство од Загреб, кое било на одмор.

„Наводно цело време кружела околу плажата. Не знаеме дали е замината. Имаше и други луѓе кои снимаа, некои дури и отидоа со кајче за да видат за што станува збор. Наводно се работи за ајкула која не напаѓа луѓе“, раскажале луѓето за блиската средба со ајкулата, а пренесе порталот „Индекс“.

ХРТ јави дека ајкулата дури и влегла во оградената област наменета за пливачите.

По неуспешниот обид повторно да излезе на отворено море, ајкулата ја насочиле двајца капачи.

Регион

Во Србија уапсен директор на старски дом, штитениците ги лечел со лекови за животни

Објавено пред

Директорот на српскиот Завод за сместување на возрасни лица „Мали пчелички“ е уапсен под сомнение дека користел забранети супстанци за лечење на штитениците на домот и дека свесно ги труел.

Полицијата добила пријава за ова кривично дело кое му се става на товар на директорот и веднаш го уапсила.

Во заводот деновиве се појавила шуга и многу од штитениците се заразиле. Појавата на шуга директорот се обидел да ја скрие и издал наредба да се лекуваат со лекот „медимецтин“, кој е отровен за луѓето.

Овој лек е наменет за стока, како што се крави, овци и свињи и според упатството на лекот се дава за проблеми со вошки, шуга и слично, но е забрането да се дава на луѓе бидејќи е опасен и токсичен за нивното здравје, пренесуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Судир на грчки и турски воен брод во Медитеранот

Објавено пред

Грчки и турски воен брод се судрија во источен Медитеран, соопшти грчкото Министерство за одбрана опишувајќи го настанот како несреќен случај.

Турскиот истражувачки брод се движел во водите помеѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а бил набљудуван од грчките воени бродови.

Во еден момент дошло до судир помеѓу грчки и турски воен брод.

„Тоа беше несреќа“, изјави извор од Грција за „Ројтерс“.

Турција не го коментира инцидентот во Медитеранот.

Тензиите помеѓу Атина и Анкара растат откако Турција испрати бродови за мапирање на делот од медитеранското дно, каде што се верува дека се наоѓаат наоѓалишта на нафта и бензин.

И двете држави го бараат правото на тој дел од Медитеранот поради што за денеска е закажан состанок на шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Регион

Рекордни 208 случаи на новозаразени со Ковид-19 во Хрватска

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска има 208 нови случаи на заразени со коронавирус, што го надмина вчерашниот рекорден број на нови случаи за еден ден, а две лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

„Во изминатите 24 часа беа регистрирани 208 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на заразени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 961“, рече на прес-конференција Крунослав Чапак, директор на хрватскиот Институт за јавно здравје.

Ова е втор ден по ред како во Хрватска е регистриран рекорден број пациенти за еден ден. Само вчера се регистрирани 180 случаи. Во болница има 106 пациенти, од кои 10 се на респиратор. Две лица починале, едно лице родено 1960 година во Сплит, кое било на респиратор, и лице родено 1934 година во Клиничката болница во Осиек со коморбидитет.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 6.258 лица заразени со коронавирус, од кои 163 починале, а 5.134 закрепнале. Во моментот има 3.158 лица во самоизолација. До денес тестирани се вкупно 134.742 лица, од кои 1.249 во последните 24 часа.

„Округот Сплит-Далмација и градот Загреб се водечки по бројот на нови пациенти. Ситуацијата покажува дека просечната возраст на новозаразените е 31 година, а нивните клинички слики во моментот се благи“, вели Чапак.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија2 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија2 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија4 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија5 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ6 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ7 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија8 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија8 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ8 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет9 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет9 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет12 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет21 час

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет21 час

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа22 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија23 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија24 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ1 ден

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Досие