Регион
(Видео) Во Љубљана повторно протести против мерките на Владата, има и приведени

Илјадници демонстранти денеска повторно протестираа во Љубљана против антиепидемиските мерки на владата на Јанез Јанша, особено задолжителните потврди против Ковид-19. Меѓу насобраните беа и оние што побараа оставка од владата.
На протестот е зголемено присуството на полицијата, но досега е без инциденти и полициска интервенција, што ги спречи демонстрантите да заминат пред зградата на парламентот. Како што пренесуваат тамошните медиуми, во демонстрациите уапсен е барем еден, пренесува „Хина“.
Ljubljana se je umirila. Kongresni trg, kamor so se protestniki vrnili, se prazni. pic.twitter.com/7cTpKOvhLu
— Večer (@vecer) October 20, 2021
Опозицијата денеска поднесе барање за отповикување на министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, во собраниска процедура предлагајќи негова смена поради, како што велат, прекумерната употреба на репресивни мерки против демонстрантите во последните неколку протестни собири.
?? Demonstranten in Ljubljana, Slovenië steunen de demonstranten in Triëst. ?pic.twitter.com/d7wqfPh1K5
— Kees71 (@Kees71234) October 20, 2021
Хојс ја има довербата од премиерот Јанез Јанша, кој минатата година ја одби неговата оставка по медиумско-политичка афера.
Опозицијата собра 43 потписи за интерпелација на министерот, речиси половина од вкупниот број пратеници во парламентот, во кој спаѓаат 90 пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ разговараше со Зеленски: „Не го признава Косово, зошто да не му подадам рака?“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал краток и фер разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Зошто да не му подадеме рака на човек кој не ја признава независноста на Косово“ .
Вучиќ додаде дека луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел се сретнал со нив во Молдавија на самитот на Европската политичка заедница, пишува Н1 Србија.
„Украина не ја призна независноста на Косово и го почитува територијалниот интегритет на Србија, исто како што Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Имавме краток и фер разговор, но одлуката за санкции ја носат граѓаните на Србија преку нивните лидери “, изјави Вучиќ за новинарите по самитот на Европската политичка унија во Кишињев.
На прашањето дали разговарал со украинскиот претседател за воведување санкции против Москва, Вучиќ рече дека Србија ја донела својата одлука во март 2022 година и дека позицијата на земјата не може да се смени само со еден разговор.
Регион
Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе има мир.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, вели дека Косово е дел од Србија и дека тоа е многу јасно.
„Тоа го пишува во Уставот на Република Србија, тоа е потврдено и со Резолуцијата на ОН од 1999 година. Што е проблемот? рече Вучиќ.
Тој додава дека Србите кои живеат на север и во другите енклави се чувствуваат нападнати од специјалните единици на косовската полиција.
„Речиси секоја недела. Постојат сигурни извори кои го потврдуваат тоа. Приштина нема право да има специјална полиција на север. Тие приведуваат, запираат, малтретираат нашиот народ. Курти отсекогаш велел: „Ние сме суверена земја, имаме право да ги распоредиме нашите сили каде сакаме”. Јасно е дека тој не може да го стори тоа. И направи повеќе од тоа. Луѓето почнаа да протестираат против незаконското и нелегитимни избори за градоначалник.. Има општини каде што градоначалникот го избрале 11 луѓе. Не е демократски да има 0,02 отсто. Дури и Американците и ЕУ го осудуваат неговото однесување. Но тој не сака да го слушне тоа“ вели Вучиќ.
Тој додаде дека ако Курти ја тргне војската, тогаш ќе има мир.
„Да ги одведе неговите наводни градоначалници на југ и да ги отстрани неговите војници од север. Тогаш ќе има вистинско помирување меѓу Србите и Албанците. Ние го сакаме тоа, подготвени сме на многу компромиси. Од друга страна, има и такви чии Единствената цел е да се протераат Србите и да се покажат мускулите. Го смируваме народот, но ако продолжи вака, тоа нема да биде можно.
Ние сме длабоко благодарни на нашите американски партнери што нагласија чија е вината, кој ги сакаше овие инциденти. Но, ни треба повеќе. Притисок од меѓународната заедница за Приштина да дејствува на рационален начин. Ние сме подготвени за дијалог“ вели во интервјуто Вучиќ.
Регион
Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетното момче (13 ), кој го извршил масакрот, соопштуваат од Владата на Србија.
„Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непроверени и непотврдени информации, бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите“, велат од српската Влада.
Владата им се заблагодари на родителите, наставниците и на сите вработени во образовниот систем за разбирањето и поддршката.