Регион
(Видео) Вучиќ во Мостар се налути поради прашање за Сребреница: Не прекинувајте ме, проблемот е во тоа што измислувате
Српскиот претседател Александар Вучиќ е во Мостар, каде што го посети тамошниот економски саем.
„Не е вистина, не измислувајте. Утврдено е дека Србија во никој случај не е одговорна за геноцидот, само да се има предвид. Не доведувајте го во заблуда народот како што вие ги мамите луѓето во Сараево дека сум носел снајперист и сум пукал во некого. Не прекинувајте ме“, му се обрати Вучиќ на новинарот.
„Проблемот е што постојано измислувате што вие во Сараево не можете да се држите до фактите, мора да измислите нешто“, продолжи тој.
„А да ме сослушате мене“, повторно се обрати Вучиќ кон новинарот.
Додик се приклучи велејќи дека повеќе Срби биле убиени во Сараево за време на опсадата отколку што биле убиени во Сребреница.
„Но, за Србите не постои правда“, рече Додик.
„Во Сребреница секако е извршено страшно злосторство. Не беше проблем некој да дојде да покаже жалење. Ве молам, не измислувајте работи“, додаде Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Регион
Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска.
По неколкучасовна комплицирана операција, која започна во 8 часот, претседателот Додик беше сместен на Одделот за интензивна нега.
Во соопштението се додава дека претседателот на Српска им се заблагодарил на странските државници и на сите жители на Република Српска за пораките за поддршка и желби за брзо закрепнување што ги доби синоќа и денеска.
– Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Српска.
Додик вчера беше итно хоспитализиран поради акутни болки. Во болницата го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ и му посака брзо закрепнување.
„Го посетив претседателот Милорад Додик пред утрешната интервенција и му посакав брзо закрепнување и добро здравје. Очекувам продолжување на соработката и нови средби со раководството на Српска. Ни претстои многу заедничка работа“, рече Вучиќ.
„Според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводот и желудникот на претседателот Додик. Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, изјавија вчера од кабинетот на Додик.
Регион
Додик заврши во болница во Белград, ќе биде опериран
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, попладнево поради акутни болки бил на преглед во Белград, по што бил хоспитализиран.
Како што е соопштено од неговиот кабинет, според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводникот и желудникот.
„Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, се вели во соопштението, пренесува РТС.