Контакт

Регион

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание оценувајќи ги како акт на политичко насилство.

„Синоќа во Белград бевме сведоци на најбрутално политичко насилство во последните неколку години. Во изминатите осум години Република Србија целосно ја почитуваше слободата на собирање и демонстрација, како и различно мислење“, рече тој.

„Синоќа, иако некои се обидоа да го оправдаат тоа со коронавирусот, бевме сведоци на политички протест, кој не беше пријавен, се случи луѓето кои се со десничарска ориентација да ја нападнат зградата на Националното собрание и да влезат во неа, што значи да се извршат најмалку две кривични дела“, рече тој.

Вучиќ додаде дека полицијата реагирала дури кога собраните лица почнале да ја вандализираат зградата на Националното собрание.

„Соочени со сето ова, полицијата презеде законски мерки. Пристојни и мирни луѓе можеа да видат како тие луѓе се однесуваа меѓусебно и како малтретираа полициски службеници. Пет полициски возила беа запалени, 43 полицајци беа повредени, а едниот има фрактура на черепот“,брече Вучиќ, а потоа покажа и фотографии од полицајци, од кои некои биле нападнати со нож.

Вучиќ истакна дека е нанесена голема материјална штета, како и штета на угледот на Србија.

„Ги разбирам политичките фрустрации, но нема да дозволиме никој да го уништи мирот во Србија. Тоа е пораката до оние внатре и оние што се надвор“, рече Вучиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Црна Гора соопшти дека е неприфатливо и политички неодговорно годишнината од обновата на независноста да се прикажува како чин насочен против Србија или српскиот народ.

Реакцијата следи по изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој рече дека би „плукнал себеси и на својот народ во лице“ доколку учествува на прослава на отцепувањето на Црна Гора од Србија.

Црногорското МНР нагласи дека Црна Гора ја обновила независноста во 2006 година преку демократски референдум, во согласност со меѓународното право и уставните договори на тогашната државна заедница.

Во соопштението се додава дека Црна Гора и Србија биле рамноправни членки на заедницата по распадот на поранешна Југославија, и дека референдумот овозможил двете држави да продолжат како самостојни држави.

На референдумот во 2006 година за независност гласале 55,5 проценти од граѓаните на Црна Гора.

Годишнината од обновата на независноста се одбележува на 21 мај, а земјата планира повеќедневна програма по тој повод.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: „Ќе се борам против ароганцијата на функционерите со сите средства“

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе се бори против ароганцијата на одредени функционери со сите средства и најави дека наскоро ќе објави како граѓаните ќе можат да му пријавуваат арогантни луѓе од различни делови на власта.

Вучиќ одговарајќи на новинарското прашање кога ќе започне борбата против арогантните луѓе, што ја најави, и дали тоа ќе биде предупредување за луѓето во локалната средина бидејќи таму има најмногу вакви случаи, рече дека ако, и покрај секојдневните смени и борбата против ароганцијата на властите, таа продолжи, тој ќе мора да се бори многу посилно.

„Борбата никогаш не смее да заврши. Наскоро ќе објавам како можете да дојдете и како сите граѓани можат да ми испраќаат информации, преку кој портал, преку кои социјални мрежи, за луѓе кои се однесуваат арогантно од различни делови на владата, од директори, администратори, министри, асистенти, заменици, секретари и сите други“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ароганцијата е злобна болест против која ќе се бориме со сите средства и на сите дозволени и законски начини.

Кога еден новинар го праша да ги коментира наводите на одредени медиуми дека бил во позиција „win-win“, а дека сега е во позиција „luz-luz“, Вучиќ рече дека сонува за убава, успешна Србија со задоволни граѓани, додека некои го сонуваат, како што изјави тој, него без глава и неговиот син да биде посипан со осиромашен ураниум.

„Прифаќам дека сум во позиција luz-luz, дека тие се во позиција win-win и однапред им честитам. Само една мала работа мора да се случи во меѓувреме за да се потврдат овие честитки, а тоа се изборите. И ако народот го каже истото на изборите, јас само ќе им честитам уште еднаш. Само таа мала работа, ништо повеќе“, додаде Вучиќ.

На прашањето дали становите што беа изградени како дел од Експото ќе бидат продадени, Вучиќ рече дека сака дел од становите да бидат продадени на одредена група луѓе по пониски цени, односно на медицински сестри кои не го решиле станбеното прашање и работат на интензивна нега.

„Што да правиме со медицинските сестри кои работат на интензивна нега, кои ја работат најтешката работа на светот, кои секоја вечер мора да констатираат дека некој починал, кои секоја вечер мора да ја пресоблечат облеката на тешко болен пациент, најтешката можна работа, а нивните приходи до пред две години беа мали, мизерни, додека сега се подобри“, рече тој и додаде дека тогаш наместо квадратурата да биде околу 4.000 евра, тој би ги дал по цена од 1.600 до 1.800 евра.

Зборувајќи за државните финансии, Вучиќ истакна дека Србија трпи ужасен товар затоа што „НИС е под санкции веќе година и пол и додаде дека нема недостиг од нафта затоа што е одговорна и сериозна држава која се грижи за своите граѓани.

Прикажи повеќе...

Регион

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави, откако беше пронајден дрон во близина на островот Лефкада во Јонското Море, дека ширењето на војната во Украина кон Медитеранот „нема да се толерира“.

Герапетритис, по средбата во Атина со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман, рече дека Медитеранот мора да остане „зона на мир“ дури и без воени операции, објави Катимерини.

„Секое претворање на Медитеранот во театар на воени операции, нема да се толерира“, рече Герапетротис, додавајќи дека Грција „ќе се погрижи Медитеранот да остане море на мирот, кое им припаѓа на неговите народи“.

Инцидентот предизвика загриженост во Атина откако минатата недела во близина на Лефкада беше откриен морски дрон, за кој грчките власти се сомневаат дека е од украинско потекло и дека имал за цел да нападне руски брод во Средоземното Море. Според грчките власти, станува збор за таканаречен дрон „камиказе“ од типот „мамаи“, кој украинските сили го користат во Црното Море, а бродот наводно бил опремен со експлозиви.

Украина постојано негираше какви било информации за дронот, додека истрагата за потеклото и мисијата на уредот сè уште е во тек во објектите во Скарамагас во близина на Атина.

Грчката национална одбрана ја спроведува истрагата, додека делови од крајбрежната стража учествуваа во првичните проверки, вклучително и отстранувањето на експлозиви и детонатори од уредот, кој беше префрлен на воен надзор, пренесува Танјуг.

Атина ги информираше сојузниците во НАТО и Европската Унија за случајот, изразувајќи загриженост дека конфликтот од Црното Море би можел да се прошири кон Медитеранот и Егејското Море.

Грчките власти, исто така, предупредуваат на можни економски и еколошки последици во случај на напад во близина на брегот, вклучувајќи ги и ризиците за комерцијалните танкери во регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 секунди

Се зголемува свесноста за опасноста од меланом и кожните заболувања

Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни...

Македонија12 минути

Многу жени трпат семејно насилство и молчат поради страв, економска зависност и недоверба во системот

Семејното насилство претставува сериозен општествен и здравствен проблем што бара координиран институционален одговор, поголема доверба во системот и ефикасна примена...

Спорт21 минута

(Видео) Маеда му пресуди на Хартс во 88-та минута – Селтик ја одбрани титулата

Фудбалерите на Селтик го победија Хартс со 3:1 во последното коло и ја освоија титулата во Шкотска. Великанот од Глазгов...

Македонија28 минути

Утре затворени улици низ Скопје

Во недела, 17 мај, во Скопје ќе се одржи 14. издание на спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“, поради што ќе...

Спорт33 минути

Спринтот во Каталуња за Алекс Маркез, Мартин повотрно падна

Алекс Маркез, на Гресини Дукати, победи во спринтот пред Големата награда на Каталуња. Помладиод од браќата Маркез, го искористи лошото...

Топ1 час

Полицијата фати возачи без возачка, пијани и со забрана за управување автомобил

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување....

Свет1 час

Авионска несреќа во Германија: Летало се урна во станбена зона, загинаа две лица

Две лица загинаа кога мал авион се урна во станбена зона во германскиот град Лимбургерхоф, јужно од Манхајм. Според медиумските...

Спорт2 часа

Фенербахче подготвиле астрономска понуда за Салах

Мохамед Салах наскоро официјално ќе го напушти Ливерпул, а неговата следна дестинација сè уште не е позната. Познато е дека...

Спорт2 часа

Левандовски потврди дека ја напушта Барселона

Роберт Левандовски официјално потврди дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната. Полскиот напаѓач се збогува со каталонскиот клуб со...