Регион
(Видео) Вучиќ со порака до австралиските власти: Зошто се изживувате врз Ѓоковиќ и врз целата нација?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги искористи социјалните мрежи за да ја коментира ситуацијата во врска со Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Австралија опен.
Вучиќ во видеопорака објавена на „Инстаграм“ се осврна на изјавата на премиерот на Австралија, Скот Морисон, кој истакна дека ја поддржува одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер.
View this post on Instagram
„Се соочуваме со многу проблеми и притисоци, но она што нам како народ никогаш не успеале да ни го одземат се срцето, гордоста и достоинството. Ова го велам поради она што последните денови се случува во Мелбурн, но не поради добивање политички поени. Нападите и притисоците врз Новак Ѓоковиќ, државјанин на нашата земја, од непознати причини достигнаа такви размери што е невозможно, за мене, да не кажам што мислам и каков е нашиот одговор за Австралија. Не би рекол ниту збор доколку по новата одлука на извршните органи на австралиските власти да му ја одбијат визата на Новак Ѓоковиќ не се огласи нивниот премиер поздравувајќи ја таквата одлука. Зачуден сум од фактот што такви одлуки може да носат органи на извршната власт, а по одлуката на судските органи. Често ни држат предавања за владеење на правото, можете да замислите кога некој министер во Србија би можел да ги поништи одлуките на судиите? Со ова ни покажаа како изгледа небитно правосудство бидејќи целата власт е во рацете на извршните органи“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија запраша зошто воопшто на Новак уште пред заминувањето на турнирот не му било кажано дека не може да добие виза, односно зошто веднаш не бил одбиен.
„Зошто го малтретирате и зошто се изживувате не само над него и неговото семејство туку и врз цела една нација, слободна и горда. Дали е потребно да се победи на избори? Дали е потребно да се задоволи јавноста? Ете, овде се појави претседател на една мала држава, кој смее да му го каже тоа на премиер на голема држава, а можам да го кажам тоа затоа што ја зборувам вистината и затоа што знаете дека е така“.
Вучиќ на крајот упати зборови за поддршка до најдобриот тенисер во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.