Регион
(Видео) Грција прослави 200 години независност, на свечената церемонија присуствуваше и принцот Чарлс

Грција прослави 200 години од почетокот на својата борба за независност од Отоманската Империја со церемонија што требаше да означи нов почеток по финансиската криза, но мораше да биде поскромна поради ограничувањата против коронавирусот.
Принцот Чарлс, наследникот на британскиот престол чиј татко Филип е роден на Крф како дел од грчкото кралско семејство, и рускиот премиер Михаил Мишустин присуствуваа на годишната парада на Денот на независноста.
Францускиот претседател Емануел Макрон не се појави поради затворањето на некои делови на Франција во пандемија.
Набргу по преземањето на власта во 2019 година, конзервативната влада на премиерот Кирјакос Мицотакис објави дека прославата ќе биде симбол на враќањето на Грција по еднодецениската финансиска криза, која остави невработени половина од младите Грци и испрати околу половина милион луѓе во странство.
Поздравувајќи ја отпорноста на грчкиот народ за време на „очајно тешките години“ на економската криза, принцот Чарлс рече дека светот сега треба да се обнови по коронавирусот, кој ја врати Грција во длабока рецесија.
Државната телевизија емитуваше обраќање на американскиот претседател Џо Бајден до Грците, кој рече дека односите меѓу Грција и САД ќе бидат поблиски од кога било.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Црна Гора 237 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 237 нови случаи на коронавирус, а во истиот период девет лица починаа како резултат на инфекцијата.
Вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.354, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Вкупниот број на активни случаи е 4.681.
Од почетокот на март 2020 година вкупниот број регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 93.803
Регион
Познат грчки новинар ликвидиран во Атина

Двајца вооружени мотоциклисти денеска го застрелаа познатиот грчки новинар Џорџ Караиваз, кој истражуваше криминал, соопшти полицијата, додавајќи дека тој бил убиен во близина на својот дом во Атина.
Новинарот на приватната телевизија СТАР ТВ ѝ беше добро познат на грчката јавност по известувањето за криминалот.
Владината портпаролка Аристотелија Пелони рече дека убиството ги шокирало сите.
„Властите веќе почнаа истрага“, рече таа.
Полицијата соопшти дека Караиваз бил застрелан од двајца мотоциклисти, кои испукале повеќе куршуми во близина на неговиот дом во Алимос во јужна Атина. На местото на настанот се пронајдени дванаесет патрони.
Иако мотивите за пукањето сè уште не се познати, полицијата потврди дека убиството очигледно било внимателно испланирано.
„Ова е професионално убиство“, изјави полициски службеник.
Регион
Во Србија две дози вакцина примиле над 1,1 милион граѓани

Досега во Србија се дадени 2.836.012 дози вакцини против коронавирус, а 1.158.744 граѓани ги примиле двете дози, покажуваат најновите податоци на владата на Србија.
Граѓаните на Србија се вакцинираат со руската вакцина „спутник В“, кинеската „синофарм“, вакцината развиена од американската компанија „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“, како и со вакцината на британско-шведската компанија „Астра зенека“ и Универзитетот во Оксфорд.
Во Србија во последните 24 часа се потврдени 3.405 нови случаи на коронавирус, од 15.532 тестирани, а 39 лица починале.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш