Контакт

Регион

(Видео) Деветмина мигранти пронајдени во дрвен сандак во возило во Хрватска

Објавено пред

Хрватската полиција утринава пронајде деветмина мигранти во дрвен сандак во возило на автопат.

Странските државјани биле пронајдени при контрола на товарно возило со полски регистарски таблички. Сандакот бил затворен со шрафови, а од него се слушале вознемирени гласови, пренесува „Индекс.хр“.

Во сандакот биле пронајдени тројца мажи, две жени и четворица малолетници. На лицата веднаш им била укажана медицинска помош.

Подоцна било утврдено дека сите нелегално ја преминале државната граница. Седумчлено семејство од Иран изразило намера за поднесување барање за меѓународна заштита, додека двајца државјани на Ирак ја одбиле оваа можност и се сместени во Транзитно-прифатниот центар за странци во Товарник до завршување на постапката за реадмисија односно постапката за нивно враќање во земјата од која потекнуваат.

Возачот на возилото, 21-годишен државјанин на Украина, е уапсен под сомнение за незаконски влез, движење и престој во Република Хрватска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Објавено пред

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Невремето почна вчера, а метеоролозите најавуваат дека ќе продолжи и во наредните денови.

Според прогнозите, овој дел на Европаќе биде под влијание на силен циклон, и во наредните два дена. Првото невреме било забележано вчера во попладневните часови, а во 19 часот биле најсилните налети на ветрот во Сплит. Силен налет на ветер од 105 километри на час бил измерен во станицата во Сплит.

Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии од северен Јадран до Дубровник. Поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење.

Поради невремето кошто што трае со денови, тони отпад се депонирани во околината на Дубровник, но и на бреговите на далматинските острови како Корчула, Мљет, Ластово на Јадранот. Станува збор претежно за отпад од Албанија, кој што најпрво се фрла во реките, по што завршува и во морето, пренесува „Далмација денес“.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ во болница поради крадиоваскуларни проблеми

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.

Српските медиуми кусо известуваат дека Вучиќ бил хоспитализиран вчера, во доцните попладневни часови.

Прикажи повеќе...

Регион

Инцидент со авионот на Бојко Борисов, му пукнала гума при слетување

Објавено пред

Авионот „фалкон“, во кој бил бугарскиот премиер Бојко Борисов, одвај слетал на аеродромот во Софија, јави бугарската агенција „Бгнес“.

Според првичните информации, при првиот обид да слета на авионот на бугарската влада му пукнала гумата на тркалото за слетување, па пилотот морал да направи уште еден обид да слета и за тоа да примени процедура наменета за итни случаи, односно мануелно да го приземји авионот.

Во инцидентот никој не е повреден, па Борисов продолжил со своите активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Невремето...

Регион17 минути

Вучиќ во болница поради крадиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија27 минути

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија51 минута

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет2 часа

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија14 часа

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија14 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата16 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија16 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ17 часа

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ18 часа

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија18 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија18 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада19 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија19 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија21 час

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија21 час

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија22 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија22 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа22 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Досие