Контакт

Регион

(Видео) Запалена познатата статуа на Меланија Трамп во Словенија

Објавено пред

Дрвената статуа на американската прва дама, Меланија Трамп, во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија, е запалена и отстранета од местото.

Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја осмисли и нарача скулптурата, изјави дека таа е запалена на 4 јули, на Денот на независноста на САД. Тој додал дека следниот ден организирал отстранување на статуата, пренесе Би-би-си.

Полицијата соопшти дека во тек е истрага за инцидентот.

Статуата на Меланија Трамп во природна големина беше подигната во јули минатата година. Ја изработи локалниот уметнички столар Алес Зупевц, познат како Макси, по нарачка на Дауни.

Статуата, која ја прикажува првата дама на САД во син фустан, сличен на оној што го носеше на инугурацијата на Доналд Трамп, и со рака подигната во вис, предизвика разни реакции по поставувањето.

Локалните жители, иако горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не беа задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп нарекувајќи ја срамотна и споредувајќи ја со Штрумфета.

Регион

Словенија има 10 новозаразени со коронавирус, активниот број на случаи е 181

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 753 лица од кои 10 се позитивни на коронавирус, пет помалку од претходниот ден, објави словенечката влада.

Бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата се зголеми на 2233. Во последните 24 часа нема нови смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи како резултат на „Ковид-19“ останува 125.

Активниот број на случаи во моментов е 181, во болниците има 24 пациенти поради Ковид-19, од кои четири се во одделот за интензивна нега.

Словенечката влада објави дека ја вклучила Белгија на „црвениот“ список на епидемиолошки ризични земји поради влошената епидемиолошка состојба, додека во „жолтиот“ список на најбезбедни земји ги вклучила Малта, Швајцарија и делови од Шпанија.

Белорусија, Алжир, Еквадор и шпанската провинција Валенсија се ставени од црвениот список на жолтиот список.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија украден камион со 1,2 тона мед

Објавено пред

Непознати лица украле камион со 1,2 тона мед и килограм пчелин полен во близина на граничниот премин Фернетичи со Италија, соопшти словенечката полиција.

Кражбата ја пријавил возач, романски државјанин, кој видел дека камионот не е таму кога се вратил од кратката пауза на бензинската пумпа во Фернетичи, пренесува СТА.

Тој рече дека крадците однеле стока во вредност од 60.000 евра.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватски морнар повреден во експлозијата во Бејрут, се чувствува добро по операцијата

Објавено пред

Хрватски државјанин е повреден во експлозијата на магацините на амониум нитрат во Бејрут, соопшти Министерството за надворешни работи и европски работи (МВЕП).

„Во моментот на експлозијата, во Бејрут имало 11 хрватски морнари, од кои едниот е полесно повреден. Засега нема официјални податоци дека некој од хрватските граѓани смртно настрадал“, одговори МВЕ.

Станува збор за морнарот Бранко Перошевиќ, кого го оперирале и е добро, како и другите 10 морнари од бродот „Сити оф Рома“.
Готвачот од Славонија кој бил подложен на операција на раката и ногата упатил порака на благодарност до лекарите, болничкиот персонал и почесниот конзул во Бејрут, пренесува ХРТ.

„Сè е коректно и се чувствувам подобро. Мојата операција траеше четири часа и помина добро“, рече Перошевиќ.

Транспортниот брод „Сити оф Рома“ е специјализиран за превоз на возила и впловил во пристаништето во Бејрут шест часа пред експлозијата. Бродот, кој требало да се продаде наскоро, претрпе значителна штета и во тек е процена на штетата.

Поради воведување вонредна состојба во Бејрут, враќањето на хрватските морнари планирано за 11 август е продолжено до 21 август.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка која полагала возачки испит пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувала од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија12 минути

Хелсиншки комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 кои ги донесе Владата e ослободувањето од работни...

Македонија57 минути

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет2 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет2 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет2 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет4 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет5 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет5 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион16 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет17 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет19 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет20 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија22 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија22 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион24 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија1 ден

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија1 ден

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија1 ден

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Досие