Контакт

Регион

(Видео) Макрон пристигна во Белград

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макронм пристигна во дводневна посета на Белград, а го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Двајцата на аеродромот „Никола Тесла“ открија плоча по повод официјалниот почеток на работите на модернизацијата на белградскиот аеродром, која ќе ја спроведе францускиот концесионер, компанијата „Ванси ерпортс“.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во пресрет на посетата на Макрон порача дека посетата претставува и потврда дека Србија и Франција се на добар пат да постигнат повисоко ниво на политичка и економска соработка, каква што заслужува нивното постојано пријателство и прокламирано стратешко партнерство.

Регион

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на неговите посети на САД, но дека секој разговор со американски официјални претставници е важен затоа што пред Србија „не е лесна есен, ниту пак едноставна зима“.
       
,,Ова не се лесни и едноставни работи за нас, ќе има проблеми”, рече Вучиќ, кој во САД имал серија состаноци за Косово и Метохија.
        
Ќе се бориме во тешки услови, нема да биде лесно, ќе видиме како ќе изгледа сè. Секако, не очекуваме лесни денови, ниту лесна есен, ниту едноставна зима за нас”, рече Вучиќ.
        
Според него, опозицијата не разбира што се случува во Србија.,,Нивната смисла за бавење со политика е мене да ме нервираат, додека за мене тоа е просперитетот на Србија”, рече Вучиќ.
        
Говорејќи за нападите врз Србите во Хрватска, Вучиќ истакна дека е страшно тоа што се случи последните денови и додаде дека Србија ќе им помогне на своите луѓе кои живеат во таа земја.
        

Прикажи повеќе...

Регион

Пожарот во Хвар го гаснат и два „канадера“

Објавено пред

Четириесетина пожарникари и два авиони „канадера“ го гаснат пожарот што избувна денеска на Хвар, но огнот не претставува закана за станбените објекти, соопшти противпожарната служба во градот.

„Овој пожар беше предизвикан од удар на гром, но со интервенција на пожарникарите и со помош на Канадери успеавме да спречиме да се шири и верувам дека ќе го ставиме под контрола“, рече командантот на пожарникарите за „Хина“.

Тој додаде дека пожарот погодил недостапен терен, што го отежнува гаснењето.

Хрватското Министерство за одбрана објави дека од 17 јуни, до 23 август, воздушните противпожарни сили биле ангажирани во гаснење 31 пожар, додека копнените сили на хрватската армија биле ангажирани два дена во противпожарната станица Јужна Дубрава кај Шибеник со вкупно 182 припадника.

Прикажи повеќе...

Регион

Вонредните парламентарни избори во Косово ќе чинат шест милиони евра

Објавено пред

Потребни ќе бидат околу шест милиони евра за одржување на предвремени парламентарни избори во Косово, се согласија денеска претставниците за буџетот на Косово и Централната изборна комисија во земјата.

Советникот на министерот за финансии, Љуљзим Рафуна изјави дека сега се очекува мислењето на Уставниот суд на Косово за надлежностите на Владата по оставката на премиерот, бидејќи средствата не може да се пренесат во ЦИК до мислењето на Уставниот суд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ1 час

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет1 час

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет2 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа3 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион4 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт4 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија4 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт4 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет16 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија19 часа

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија19 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет19 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа20 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија23 часа

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион23 часа

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Македонија1 ден

Владејачката партија најавува за 5 отсто повисоки плати во образованието од септември

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата...

Досие