Регион
(Видео) Немири во Албанија поради убиство на момче што го прекршило полицискиот час

Главниот град на Албанија синоќа беше потресен од немирите поради убиството на 25-годишно момче што го прекршило полицискиот час воведен како мерка за борба против коронавирусот.
Стотици Албанци излегле на улиците поради полициското убиство на 25-годишниот Клодијан Раша, кој го прекршил ноќниот полициски час и не застанал на барање на полицијата.
Демонстрантите, кои ја прекршиле забраната за собирање повеќе од 10 лица, се судриле со полицијата. Тие фрлале камења кон полицајците и кон зградите на владата, Министерството за внатрешни работи и кон собранието на Тирана.
Тие исто така се обиделе да упаднат во владиниот комплекс, каде што е канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растерала со солзавец.
Портпаролот на полицијата во Тирана изјави дека најмалку девет полицајци се повредени, а демонстрантите оштетиле неколку полициски возила.
Демонстрантите тврдат дека протестот не е политички, но меѓу насобраните можеле да се забележат и приврзаници на опозицијата. На една од снимките се гледа како демонстрантите палат и рушат украсена елка.
Полицијата соопшти дека во судирите биле повредени девет нејзини члена. Медиумите наведуваат дека демонстрант и новинар се повредени, а оштетени се и паркирани полициски возила.
Протестите избувнаа кога 25-годишниот Клодијан Раша беше убиен со огнено оружје бидејќи не реагирал на наредбата на полицијата да запре. Демонстрантите извикуваа „Рама, оди си“ и „Јас сум Клодијан“.
Додека протестите продолжуваат, премиерот на Албанија, Еди Рама, е во САД на состаноците со претставниците на компанијата „Фајзер“, со која се обидува да постигне договор за набавка на вакцината.
Ограничувањата на јавните собири, задолжителното носење заштитни маски и ноќниот полициски час се воведени во Албанија поради пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија.
Како што се наведува во неговата објава на Инстаграм, тоа би овозможило сами да произведуваат доволно вакцини за српското население.
„ Грчевито се бориме, многу е тешко да се набават вакцини. Се надевам на добра вест следната недела. Светскиот поредок и односите меѓу земјите никогаш не се менувале како сега во време на корона. Затоа за нас е важно годинава да добиеме што повеќе вакцини, да бидеме вредни. Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини за да можеме сами да произведеме доволно вакцини за нашето население“, напиша Вучиќ.
Српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ вчера ги посети производствените капацитети на најголемиот руски производител на вакцини „Спутник V“. Tој рече дека започнале официјални разговори за производство на таа вакцина на територијата на Србија.
„Благодарение на претседателот Вучиќ, руската страна веднаш одговори на нашето барање руската вакцина„ Спутник V “да се произведува во Србија, а од највисокото ниво во рускиот државен врв беше наредено да се најде начин да се воспостави производство на оваа вакцина во Србија што е можно поскоро “, рече Поповиќ.
Регион
Ердоган се закани со напад: Ќе ги изненадиме една ноќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја би можела сама да интервенира за да ги протера терористите „ПКК“од северот на Ирак.
„Имам фраза во која секогаш кажувам: Можеби ќе изненадиме една ноќ“, рекол Ердоган во изјава за новинарите во Истанбул, мислејќи на можноста за изведување изненадна турска операција за протерување на терористите од Синџар, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Пред неколку дена турскиот министер за одбрана Хулуси Акар одржа разговори со претставници на регионот на Ирачки Курдистан. Според официјални извори, разговорите биле насочени на начините за унапредување на заедничката безбедност и воена соработка на двете страни.
Регион
Во Србија 1.709 новозаразени од коронавирус, 19 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.638 лица на коронавирус, од кои 1.709 биле позитивни, а починале 19.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 161 пациент се приклучени на апарати за дишење во болниците во Србија.
Досегашни корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот