Контакт

Регион

(Видео) Објавени вознемирувачки сцени на деца врзани за радијатор во БиХ

Објавено пред

Шокантни фотографии од злоупотреба и запоставување на деца доаѓаат од Босна и Херцеговина.

Пратеничката во Парламентот на ФБиХ, Сабина Кудиќ, на денешната прес-конференција откри детали за третманот на штитениците во Заводот за згрижување на ментално инвалидни деца и младинци во Пазариќ, кај Сараево.

Фотографиите што таа ги достави до медиумите покажуваат дека децата се врзани за мебел и радијатори. На некои деца рацете им се врзани зад грб, а многу деца го поминуваат поголемиот дел од денот и цела ноќ во таква позиција, па нивната физичка и ментална состојба е нарушена, пренесува Klix.ba.

„Оваа состојба може да се нарече модерно ропство. Ноќе е ангажирана само една негувателка, која многу често е нестручно лице. Децата често самите ги подаваат рацете за да им се врзат бидејќи се навикнати да бидат врзани 14 часа. Како резултат на овие методи, многу деца имаат сериозни здравствени проблеми“, истакна Кудиќ.

„Бараме Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Министерството за здравство, да назначи медицински тим кој ќе изврши ревизија на дијагнозите и ќе воведе редовни прегледи. Барам ресорното министерство да достави детален извештај за мерките спроведени по 90 дена од донесените заклучоци”, заклучи таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Мицотакис за пожарот кај Атина: Во предградијата владее вистински кошмар

Објавено пред

Грчките пожарникари даваат се од себе за да го локализираат огромниот пожар во северните предградија на Атина, пред ветерот повторно да засили, пренесуваат агенциите.

„Владее кошмар во предградијата. Главниот приоритет е да се спасат животите на луѓето“, рече премиерот Киријакос Мицотакис по обиколката на погодената област.

Хеликоптери и авиони се вклучени во гаснењето на пожарот од рана зора. Ветрот е ослабен и противпожарните бригади се обидуваат да го искористат тоа затишје.

„Се надеваме дека ќе го ставиме под контрола пожарот пред ветерот повторно да задува“, изјави началникот на противпожарната бригада за државната телевизија.

Засега нема информации за жртви, а неколку населени места беа евакуирани претходниот ден.

Поради густиот чад, утрово во Атина била намалена видливоста, а воздухот мирисал на изгорено. Пепел паѓа врз куќите и од жителите се бара да не ги напуштаат домовите одосно да ги затворат прозорците.

Во Атина повторно се очекуваат многу високи температури, околу 43 и 44 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека неподносливата топлина ќе продолжи до крајот на викендот.

Пожари избија и на островите Евбоја, Кос и Родос и на полуостровот Пелопонез.

До вторникот вечерта регистрирани биле 40 активни пожари во Грција.

Прикажи повеќе...

Регион

Медицинска сестра од БиХ наместо вакцина против коронавирус им ставала на луѓето вакцина против грип

Објавено пред

Медицинска сестра во Добој ставала грешни вакцини па на осум лица наместо вакцина против коронавирус им ставала вакцина против сезонски грип, но нивното здравје не е загрозено изјавија властите.

Полициската управа од Добој објави дека вработена во локалниот здравствен дом требало да ја примени вакцината на „Синофарм“, која штити од коронавирус, но наместо тоа, таа на пациентите им давала вакцина против сезонски грип на крајот од минатата недела.

Откако била утврдена грешката, процесот на вакцинација бил прекинат, по што медицинската сестра била отстранета од работа, а полицијата започнала истрага. Лекарите ги известиле граѓаните кои ја примиле погрешната вакцина и објасниле дека нема опасност по нивниот живот и здравје или какви било други можни последици.

Здравствените власти најавија внатрешна истрага за овој пропуст и потоа ќе одлучат за можните санкции.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ испраќа авиони, хеликоптери и пожарникари во Македонија, Албанија, Италија и во Грција за да ги изгаснат пожарите

Објавено пред

Европската комисија денеска објави дека испратила авиони, хеликоптери и противпожарни екипи во Италија, Грција, Албанија и во Северна Македонија за да им помогнат на тие земји да ги изгаснат шумските пожари.

Двајца Канаѓани од Франција беа испратени во погодените области во Италија, се вели во соопштението на европското извршно тело, пренесуваат регионалните медиуми. Во него се додава дека два противпожарни авиона од Кипар ѝ помагаат на Грција, а противпожарната бригада го гасне пожарот на земја.

Два хеликоптера беа испратени за помош на операциите во Албанија од страна на Чешка и Холандија, а Словенија испрати тим од 45 пожарникари во Северна Македонија. Помошта е испратена според системот за цивилна заштита на ЕУ и Комисијата сноси најмалку 75 % од трошоците за транспорт.

„Работиме 24 часа на ден за да испратиме помош додека беснеат пожарите во Европа“, коментира еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, заблагодарувајќи им се на земјите што испратија помош.

„Цивилната заштита на ЕУ осигурува дека нашите механизми за гаснење пожар се користат во потполност. Ова е одличен пример за солидарност на ЕУ кога ќе се појави потреба“, рече тој.

ЕУ оваа недела испрати три противпожарни авиони во Турција, која беше погодена од најтешките пожари во последната деценија. Овие пожари, во кои загинаа осум луѓе, уништија шуми, полиња и населени области по должината на брегот.

Во Грција, која пред една недела беше погодена од најлошиот топлотен бран во последните 30 години, пожарникарите се бореа со повеќе пожари вклучувајќи го и големиот пожар северно од Атина, од кој околу 300 луѓе беа евакуирани во вторникот вечерта.

Во Албанија едно лице го загуби животот во шумски пожар на југот на земјата во вторникот, каде што пожарникарите и армијата се борат со десетици пожари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе снимам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија59 минути

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија13 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија15 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија15 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија15 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија17 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија19 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ22 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион24 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа24 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион1 ден

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ2 дена

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Досие