Регион
(Видео) Петков до поддржувачите: Заедно ќе ги победиме

Кабинетот на Петков си замина, придружен со аплауз од илјадници граѓани вечерва собрани пред зградата на Народното собрание, јави репортерот на БГНЕС.
Петков, министри и пратеници од „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“ и „БСП за Бугарија“ се придружија на протестот за поддршка на владата пред Собранието на Бугарија. На народот му порача дека тие се гаранти на патот кон промените.
„ Заедно ќе ги победиме!“, им порача Петков на демонстрантите за поддршка на кабинетот.
Петков им честиташе на народот кој го исполни плоштадот за да ја изрази својата поддршка. Толпата извикуваше „мафијата надвор“ додека се гласаше за недоверба.
„ Овде сме за долгата игра и тука ќе бидеме додека не одбраниме независен парламент, рече Кирил Петков. Тој најави дека ПП ќе испрати официјално писмо до пратениците на ИТН за да ги поддржи во идниот кабинет во рамките на 47-то Народно собрание. Ако нема пријавени – одиме на избори, рече Петков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.
Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.
Регион
Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека невестата да пристигне од Брисел, но ја нема.
„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде в година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама.
Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.
„Ние сме Балканот што доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој.
Европа
Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран

Голем шумски пожар беснее северно од Атина поради што властите наредија евакуација на блискиот крајбрежен град како мерка на претпазливост. Силниот ветер го разгорува пожарот во областа Шхиматари, на 50-ина километри од главниот град, пренесуваат грчките медиуми.
Локалните власти ги повикаа жителите да го евакуираат градот Дилеси и го запреа локалниот железнички сообраќај бидејќи повеќе од сто пожарникари, поддржани од четири авиони и два хеликоптера, се борат со пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и на јужниот полуостров Пелопонез, каде што се евакуирани четири села.
Минатата година шумските пожари опустошија речиси 300.000 хектари шума и грмушки, а Грција го претрпе најлошиот топлотен бран во последните триесет години. По острите критики, владата вети дека ќе ги зајакне капацитетите за гаснење пожари.
Неколку десетици романски и бугарски пожарникари ги презедоа должностите во Грција во саботата како први членови на европските сили, кои беа распоредени за да обезбедат поддршка во случај на големи пожари во текот на летото. Во најлошиот шумски пожар во Грција починаа 102 луѓе кога го зафати крајбрежниот град Мати и областите во близина на Атина во летото 2018 година.