Регион
(Видео) Пожар и немири на протестoт на мигрантите на Лезбос, има информации за загинати
За време на протестот на мигрантите на грчкиот остров Лезбос предизвикани беа два пожари, а дојде и до немири со полицијата.
Според непотврдени информации, две лица загинале во кампот Мориа.
Мигрантите бараат да бидат преместени на копнениот дел во Грција.
„Ситуацијата е напната. Има информации дека мајка и дете загинале, но не можеме да ги потврдиме“, изјави за „АП“, градоначалникот на Лезбос, Стратис Кителис.
По тој повод на „Твитер“ се огласи и УНХЦР во Грција, наведувајќи дека се информирани оти жени и дете загинале во пожарот на Лезбос.
Портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, изјави за „АП“ дека мигрантите попладнево запалиле дрво пред кампот. Неколку минути подоцна, предизвикале пожар во кампот.
Градоначалникот на Лезбос соопшти дека пожарот се изгаснат.
Во кампот се наоѓаат околу 12.000 лица повеќето од Авганистан, а просторот е предвидено да собере 3.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи
Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2 отсто повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро.
Таа на Фејсбук напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.
Приходите од туризмот во првите девет месеци од минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е резултат на подобрувањето на стандардите на сместувачките структури.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.