Контакт

Регион

(Видео) Полицијата се судри со демонстрантите во Солун

Објавено пред

За време на протестите што почнаа вечерва во Солун против договорот за спогодба на Македонија и Грција, полицијата се судри со демонстрантите. Уште на почетокот на протестите, полицијата исфрли солзавец кон насобраната толпа но протестите продолжија.

Протестите ги организираат грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“.

Демонстрантите се собраа пред Белата кула во Солун, а протестираат  низ улиците во обид да  стигнат до објектот каде што се одржува Меѓународниот саем и каде говор ќе одржи грчкиот премиер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Повторно се тресеше грчкиот остров Закинтос

Објавено пред

Два земјотреса, со интензитет од 4,6 и 4,2 степени по Рихтер, денеска се регистрирани во Јонското Море, јужно од грчкиот остров Закинтос.

Првиот потрес бил регистриран малку по 11 часот, а вториот неколку минути подоцна. Епицентарот на земјотресот е забележан на 30-ина километри југозападно од Закинтос.

Грчката агенција АНА наведува дека на овој остров биле регистрирани повеќе последователни потреси по земјотресот до јачина од 6,4 степени, кој се случи на 26 октомври.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска: Тодориќ може истражниот затвор да го замени со гаранција од милион евра

Објавено пред

Судот во Загреб донесе одлука дека поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, може истражниот затвор да го замени со гаранција од еден милион евра (7,5 милиони куни).

„Судскиот совет ја преиначи одлуката на истражниот судија и тоа во однос на делот што се однесува на гаранциите. Советот смета дека и со гаранција, со соодветни мерки за претпазливост, може да се постигне иста цел како и со истражниот затвор“, изјави портпаролот на судот, Крешимир Девчиќ.

Тој појасни дека покрај уплатата на милион евра на сметката на судот, за да го избегне истражниот затвор, на Тодориќ му се изречени и мерки на претпазливост, како забрана за напуштање на Загреб, а одземен му е и пасошот.

Поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, против кого е поведена истрага поради стекнување материјална корист, беше екстрадиран во Хрватска. Екстрадицијата се случи една година по апсењето во Лондон, каде што замина по избивањето на аферата „Агрокор“.

Тодориќ замина во Лондон тврдејќи дека е изложен на политички прогон од хрватските власти.
Истрагата против Тодориќ беше поведена минатата година поради сомневање дека од „Агрокор“ извлекол повеќе од милијарда куни.

Прикажи повеќе...

Регион

Белоглавиот мршојадец што беше пуштен во Хрватска убиен во Црна Гора

Објавено пред

Центарот за рехабилитација на белоглавите мршојадци на Црес објави тажна вест.

Поточно, во објавата на „Фејсбук“ се вели дека белоглавиот мршојадец Перун, кој беше пуштен од Центарот на слобода пред помалку од два месеца, многу веројатно е застрелан пред неколку дена во Црна Гора.

Tužne vijesti dolaze nam iz Crne GoreBjeloglavi sup Perun, pušten iz našeg Oporavilišta na slobodu 17. rujna 2018….

Gepostet von Beli Visitor Centre and Rescue Centre for Griffon Vultures am Dienstag, 13. November 2018

Мршојадците од Центарот се пуштаат на слобода со ГПС-предавател, кој на Центарот му дава геолокациски податоци за движењето на птицата. Според овие податоци, мршојадецот поминал време на Кварнерските Острови: Црес, Лошињ, Крк, Плавник, Првиќ, Свети Гргур и Раб, често посетувајќи ги познатите гнездилишта на мршојадци на карпите на островот.

Во друштво на уште еден мршојадец по име Јадран, Перун тргнал на југ преку островот Паг и застанал кај соларницата „Улцињ“ во Црна Гора.

Како што објавија од Центарот, локацијата на запирање на мршојадецот ги загрижила бидејќи областа на улцињската соларница е позната по криволовство на птици.
Поради тоа, здружението БИОМ, со кое соработува хрватскиот Центар, ги информира колегите од Здружението за заштита и проучување на птиците на Црна Гора да ја проверат локацијата на белоглавиот мршојадец во оваа област. Перун е пронајден на локацијата, а во близина му била оставена дури и храна, со цел да собере сила за натамошен пат кон југ.

За жал, при следното излегување на терен мршојадецот не е забележан и ГСП-предавателот престанал да испраќа податоци за движењето на птицата.

Колегите од Црна Гора ја пребарале пошироката област на улцињската соларница и пронашле пердуви од мршојадецот и отфрлени патрони од ловечка пушка што се користи за лов на птици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Шешељ: Груевски преку Србија премина во Унгарија

Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички баојнети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ во емисијата „После...

Македонија51 минута

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија2 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија2 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија2 часа

Кабинетот на Иванов: Јанакиески се сретна со претседателот, но не бараше амнестија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, завчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, но не зборуваа за амнестија,...

Македонија2 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија4 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија5 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија5 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија5 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија5 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток6 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток6 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија7 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа8 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија9 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија9 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија20 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија23 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија24 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Досие