Регион
(Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка

Александар Вучиќ го привлече вниманието на социјалните мрежи, овој пат со своето необично видео на „Тик-ток“. Додека во Србија продолжува бранот протести, предизвикани од уривањето на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, при што загинаа 16 лица, српскиот претседател објави дека одлучил да го промени својот изглед, но и расположението – со калинки.
Во видеото, кое налути многумина, Вучиќ се пошегува на своја сметка коментирајќи дека изгледа „како поплава да го исфрлила“, па, како што вели, решил да направи нешто во врска со тоа.
Луѓето велат дека е мрзлив, има темни кругови под брадата, дека е дебел…
„Решив да го поправам сето тоа… Ќе бидам помалку дебел. Да ми кажеше некој во животот дека ќе јадам калинки, немаше да му верувам“, вели тој на почетокот на видеото.
@jasamaleksandar U naru je spas. Biću mlađi, manje debeo i nasmejaniji. 🥲 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Ова е најдобриот начин за мене. Убава лажица. Велат дека го намалува крвниот притисок и сè друго. Не верувам во ништо, но бидејќи сфатив дека сите разбраа колку лошо изгледам и каква лоша енергија ширам, решив да го сменам сето тоа. Затоа, калинка. Утре кога ќе ме видите како се смеам во Брисел со Фон дер Лајен и со Коста, немојте да мислите дека се смеам како луд на брашното. Тоа е поради калинката“, изјави Вучиќ.
Неговото видео набргу стана вирално, а коментарите продолжија да се нижат. „Првин среди ја државата“, „Човеку, навистина не разбираш ништо?!“, „Половина од твојата земја нема пари за таа калинка. Сигурно не знаевте, па само да ве известам“, „И моите деца би јаделе калинки, но тоа е скапо за нас“, се само дел од коментарите на жителите на Србија.
„Вака изгледам кога ги игнорирам сите проблеми околу мене“, се пошегувал еден корисник на „Тик-ток“, а друг додал: „Дали е реален? Ова е срамота“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Регион
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.
Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи, Георги Георгиев“, објави „Бгнес“.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.
Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.
„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.
Жељазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и договорот за добрососедство, според написите во медиумот.