Контакт

Регион

(Видео) Рама: Почнавме да се навикнуваме на фактот дека ЕУ не си ги исполнува ветувањата

Објавено пред

Еди Рама стои зад критиките кон ЕУ што ги кажал деновиве, зашто Унијата не успева да ги исполни сопствените ветувања. Ова го истакна тој во интервју со поранешниот специјален пратеник на поранешниот претседател на Соединетите американски држави, Доналд Трамп, Ричард Гренел.

„Од една страна, тие велат дека сме подготвени да започнеме формални разговори, свикувајќи ја првата меѓувладина конференција а од друга страна, Советот на ЕУ не е во состојба да донесе одлука. Ова има врска со некои прашања поврзани со Северна Македонија и Бугарија, но, повторно, за нас е доста фрустрирачко и истовремено покажува многу, да бидам искрен, бидејќи лошото во ова е што се навикнуваме на фактот дека ЕУ повторно и повторно не ги исполнува своите ветувања“, рече Рама.

Тој образложи дека ЕУ се потпира на механизам за донесување одлуки со целосен консензус и доволно е една од земјите да има проблем и во овој случај, прашањето е меѓу Бугарија и Северна Македонија и се’ е разнесено во воздух.

„Тоа е идентично како да се чувствувате како дел од продолжение на делото на Самуел Бекет „Чекајќи го Годо“, но наместо Владимир и Естрагон, во оваа книга сме Албанија и Северна Македонија“, рече Рама.

 

Регион

Расте бројот на заболени со коронавирус во Србија

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 579 нови случаи на коронавирус од 10.360 тестирани примероци. Починаа три лица, а во болница се лекуваат 574 пациенти, од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Србија се направени 4.718.892 тестови, регистрирани се 724.097 случаи, а 7.132 починаа.

Директорката на болницата во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, коментирајќи го четвртиот бран на епидемијата, за Телевизија Прва изјави дека ситуацијата се влошила.

„Ситуацијата почнува да се вжештува. Имавме стабилна состојба до две недели, а за само осум дена имаме 94 пациенти, бројот е двојно зголемен”, рече Аџиќ Вукичевиќ.

Членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, истакна дека во септември ќе има значителен епидемиолошки пресек.

„Септември е месец на создавање колективи, не само во училиштата, туку и на работа. Одеднаш, сите се собираат по одморот. Тоа е момент, пресек од епидемиолошко значење, бидејќи тогаш започнуваат и акутни респираторни инфекции“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Полициски час и забрана на музика на грчките острови Закинтос и Крит

Објавено пред

Грција денеска воведе полициски час и забрани музика на два популарни туристички острова со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави грчкиот заменик-министер за цивилна заштита.

Најновите мерки се однесуваат на островот Закинтос во Јонското Море, каде што бројот на заразени лица се зголеми за 69 проценти во споредба со претходната недела, и за Ханија, град на западен Крит, каде што бројот на новозаразени лица се зголеми за 54 проценти.

Ограничувањата вклучуваат ноќен полициски час и целосна 24-часовна забрана за музика на сите забавни места.

Мерките ќе стапат во сила утре и ќе траат до 13 август по препорака на комитетот на експерти за заразни болести, кој ја советуваше грчката влада, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Мицотакис за пожарот кај Атина: Во предградијата владее вистински кошмар

Објавено пред

Грчките пожарникари даваат се од себе за да го локализираат огромниот пожар во северните предградија на Атина, пред ветерот повторно да засили, пренесуваат агенциите.

„Владее кошмар во предградијата. Главниот приоритет е да се спасат животите на луѓето“, рече премиерот Киријакос Мицотакис по обиколката на погодената област.

Хеликоптери и авиони се вклучени во гаснењето на пожарот од рана зора. Ветрот е ослабен и противпожарните бригади се обидуваат да го искористат тоа затишје.

„Се надеваме дека ќе го ставиме под контрола пожарот пред ветерот повторно да задува“, изјави началникот на противпожарната бригада за државната телевизија.

Засега нема информации за жртви, а неколку населени места беа евакуирани претходниот ден.

Поради густиот чад, утрово во Атина била намалена видливоста, а воздухот мирисал на изгорено. Пепел паѓа врз куќите и од жителите се бара да не ги напуштаат домовите одосно да ги затворат прозорците.

Во Атина повторно се очекуваат многу високи температури, околу 43 и 44 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека неподносливата топлина ќе продолжи до крајот на викендот.

Пожари избија и на островите Евбоја, Кос и Родос и на полуостровот Пелопонез.

До вторникот вечерта регистрирани биле 40 активни пожари во Грција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија5 часа

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија6 часа

Приведено едно лице за предизвикување пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија8 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија10 часа

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија10 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија13 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија15 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ15 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ15 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа16 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија17 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија18 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ2 дена

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион2 дена

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие